Author: ksenija

  • Education and capacity building for conservation of the priority KBA Lake Dojran

    Education and capacity building for conservation of the priority KBA Lake Dojran

    [vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1528986510880{margin-bottom: 0px !important;}”]Time frame: 2013–2015

    Funding: Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), BirdLife International, DOPPS – BirdLife Slovenia.

    Project goal: Creation of local conservation group at the KBA Lake Dojran.

    Contact person: Ksenija Putilin putilin@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”140″][/vc_column]

  • Промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија

    Промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524233762508{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2012–2013 г.

    Финансиер: 

    Партнери: PlantLife International, ПК „Љуботен“, Општина Пехчево, Младински културен центар од Битола и НП „Пелистер“

    Цел на проектот: Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата – вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни настани, кои пред сè ќе бидат одговорност на волонтери и организации во рамките на избраните ЗРП, значително ќе се придонесе кон промовирање на ваквите подрачја и потенцирање на нивното значење. Во Македонија има вкупно 42 идентификувани ЗРП. Како и во останатите земји кои учествуваат во формирањето на ЗРП мрежата, избрани се три подрачја од Македонија за потребите на овој проект, и тоа: Пелистер, Пехчево – Јудови Ливади и Шар Планина.

    Мотото на оваа иницијатива е: Да го направиме тоа за природата!

    Лице за контакт: Наталија Меловска angelova@mes.org.mk;[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”141″][/vc_column][/vc_row]

  • Крилја преку Балканот

    Крилја преку Балканот

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524227590322{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2010–2012 г.

    Финансиер: Европска комисија, програма ИПА 2008 и фондација Еуронатур

    Партнери: Центар за заштита и проучување на птиците (Црна Гора), Лига за орнитолошка акција и Друштво за заштита и проучување на птиците во Србија (Србија), Здружение за биолошки истражувања – БИОМ и Хрватско орнитолошко друштво (Хрватска), Орнитолошко друштво „Наше птице“ (Босна и Херцеговина) и Друштво за набљудување и проучување на птиците (Словенија). Координатор на проектот е BirdLife International.

    Цел на проектот: Усогласување на сопственото и регионалното законодавство и управувачки политики за зачувување на природата и дивата флора и фауна кон оние на унијата (земајќи ги предвид Директивата за диви птици 79/409/ЕК и Директивата за зачувување на диви живеалишта и дива флора и фауна 92/43/ЕЕС како најзначајни документи).

    Лице за контакт: Данка Узунова uzunova@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни Активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”138″][/vc_column][/vc_row]

  • Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас

    Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1518428396527{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2007 – 2011

    Финансиер: Франкфуртското зоолошко друштво (FZS), Германија, Про Натура, Швајцарија

    Партнери: Бугарска фондација за биодиверзитет (BBF)

    Цел на проектот: идентификација на природните вредности на Осоговските Планини и создавање на услови за ефективно зачувување на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ресурси во регионот на Осоговските Планини преку основање на прекугранично заштитено подрачје со помош на локалните заедници.

    Постигнати резултати: Главниот фокус во првата фаза на проектот Осогово (2007 – 2009) беше собирање на основни информации за природните карактеристични особено податоци за биодиверзитетот во регионот и за селекција на клучните подрачја значајни за заштита. Собрани беа информации за климатските, геоморфолошките, хидролошките и други географски податоци. Анализа на шумските заедници од перспектива на шумарскиот сектор. Направена е интегрирана ГИС база на податоци од територијата на Осогово, која ги вклучува генералните географски и тематски дигитални мапи (на пример картирање на живеалишта, подаоци за биодиверзитет, инфраструктура, намена на земјиште и други социо-економски податоци).

    Во рамките на социо-економската компонента беше спроведена социо-економско истражување и беа дефинирани потенцијалите за одржлив економски развој. Исто така беа реализирани неколку активности за едукација на населението и јакнење на капацитетите на локалните институции. Спроведени беа бројни обуки за: добра земјоделска пракса, развој на алтернативни форми на туризам, органско производство, заштитени подрачја итн. Спроведени се две студиски патувања во соодветни заштитени подрачја во соседството. Работни состаноци со клучните страни вклучени во процесот за прогласување.

    Развиен е предлог за заштитено подрачје- Заштитен предел заедно со клучните страни. Истиот е дискутиран и усогласен во неколку наврати заради обезбедување на услови за економски развој во регионот.

    Врз осонова на податоците од теренот и препораките од клучните страни, МЕД изработи „Студија за валоризација со предлог за формирање на Заштитен предел – Осогововски Планини“, која покасно беше доставена до МЖСПП на разгледување, во склоп на проектот „Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, продолжение на овој проект

    Лице за контакт: Деспина Китанова, kitanova@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни Активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ exclude_post_format=”” cat=”134″][/vc_column][/vc_row]

  • Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)

    Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1518428396527{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2008 – 2011

    Финансиер: Министерството за земјоделство, природа и безбедност на храна и Министерството за надворешни работи од Холандија, BBI Matra фонд

    Партнери: Европскиот центар за зачувување на природата (ECNC) од Холандија со поддршка од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија

    Цел на проектот: Да се развие национална еколошка мрежа во Македонија (МАК – НЕН) како дел од Пан-европската еколошка мрежа (PEEN)

    Резултат од проектот: Kартата на Националната еколошка мрежа (МАК-НЕН) и Планот за управување со коридорите на кафеавата мечка.

    Лице за контакт: Робертина Брајаноска brajanoska@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни Активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ exclude_post_format=”” cat=”135″][/vc_column][/vc_row]

  • Одбележување на Светските денови на птиците преселници во Македонија, 2010

    Одбележување на Светските денови на птиците преселници во Македонија, 2010

    Одбележувањето на деновите на птиците преселници на 8 – 9 мај во дворот на градска библиотека Браќа Миладиновци наиде на значаен интерес од случајните минувачи и од директните учесници кои дадоа придонес кон оваа прослава.

    Меѓу посетителите најбројни беа децата кои земаа директно учество во креативните работилници по свој избор. Генерално најголем интерес покажаа за решавање на квизот на тема “Миграција – што е тоа? ” и изработка на цртежи. Сите директни учесници добија пофалница за покажаната креативност, меѓутоа специјално одбрана комисија од МЕД ги издвои најточно решените квизови, најкреативните цртежи и најдобрите решенија за оригами и добитниците соодветно ги награди.

  • Европски денови на набљудување на птиците (Eurobirdwatch 2009)

    Европски денови на набљудување на птиците (Eurobirdwatch 2009)

    Што е Eurobirdwatch?

    Насекаде низ Европа, во првиот викенд на октомври, години наназад, се одбележуваат денови на набљудување на птиците, организирани од Birdlife International. Ова е дел од World Birdwatch, глобална иницијатива, започната пред 10 години, чија цел е инволвација на што е можно повеќе луѓе во набљудување птици, на барем еден викенд во годината и собирање на што поголем број податоци од набљудувања.

    Повеќе информации за ова на веб страната: www.vogelbescherming.nl/ebw09

    Eurobirdwatch 2009  во Македонија

    На 3-ти и 4-ти Октомври во Градскиот Парк, со почеток од 10 часот МЕД организира низа активности посветени на заштитата на птиците селици, како дел од Европското набљудување на птиците (Eurobirdwatch 2009). Целта на настанот е запознавање на луѓето со методите на набљудување на птиците и ширење на оваа пракса а се разбира и дружење и забава. Еве какви активности ќе има кај нас:

    Пребројување на птиците во Градскиот Парк во Скопје

    Ова ќе се случува во сабота наутро, најкасно со почеток во 10 часот. Во оваа акција ќе учествуваат членовите на орнитолошката секција на Македонското еколошко друштво а добредојдени се сите заинтересирани, кои сакаат да се приклучат, научат, присуствуваат.

    Мониторинг на хранилиштето за мршојадци, Витачево, Кавадарци

    Во сабота наутро, во Кавадараци, луѓето кои се заинтересирани ќе можат да им се придружат на орнитолозите кои вршат мониторинг на  мршојадците на хранилиштето во с.Витачево.

    Обука за набљудување и идентификување на птици

    За време на Европските денови на набљудување на птиците ќе има дежурни орнитолози на штандот на МЕД во Градскиот Парк, задолжени за објаснување на методите за набљудување на птиците, како и нивно идентификување. И оваа, како и другите активности е отворена за сите.

    Натпревар во набљудување на птици

    Натпреварот ќе се одвива во Градскиот Парк. Учесниците, во тимови од двајца, ќе добијат мапа на паркот и патека по која треба да се движат и да набљудуваат и идентификуваат птици. Сите оние кои сакаат да се натпреваруваат ќе можат да ја проследат обуката за набљудување и идентификување на птици а ќе имаат и помош од членовите на орнитолошката секција на МЕД.

    Пријавување на штандот на МЕД во Градскиот Парк на 3 Октомври, во сабота преку целиот ден и недела наутро.

    Награди  за најдобрите два тима:

    Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”

    Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј и прирачник за идентификација на птици”

    Следење на ноќна миграција на птиците на дискот на месечината

    Презентација на метод за броење на ноќни миграторни птици, преку набљудување на полната месечина, користејќи телескопи. Ова ќе може да го проследите на плоштадот Македонија, во сабота навечер.

    Натпревар во знаење/квиз

    Прашањата, секако, ќе бидат на тема птици.

    Пријавување на штандот на МЕД во Градскиот Парк на 3 Октомври, сабота прку целиот ден и недела наутро.

    Награди  за најдобрите двајца:

    Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”

    Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј (за двајца)

    Изложба на цртежи и фотографии на птици и избор на најдобри

    Изложбата на цртежи и фотографии на птици ќе биде во недела а сите кои сакаат  да ни ги донесат уметничките дела, ќе можат тоа да го направат во сабота, на штандот во Градскиот Парк, од 10:00 до 17:00 часот.

    Изборот на најдобрите ќе го прави трочлена комисија, а наградите за првите две најдобри дела ќе бидат:

    Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”

    Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј (за двајца)

  • Идентификација на значајни растителни подрачја во Македонија

    Идентификација на значајни растителни подрачја во Македонија

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524234303466{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2007–2009 г.

    Финансиер: Фондација МАВА

    Партнери: PlantLife International

    Цел на проектот: Програмата за Значајни растителни подрачја (ЗРП) беше имплементирана во државите од Југоисточна Европа, а националниот партнер од Македонија беше Македонското еколошко друштво. Проектот беше реализиран во две фази:

    –  Идентификација на значајните растителни подрачја во Македонија и собирање на теренски информации за нивните ботанички карактеристики, статус на заштита, управување, употреба на земјиште и поголеми закани кои им влијаат.
    –  Демонстрација на активностите за заштита на значајните растителни подрачја преку имплементација на пилот-проектот.

    Резултати: во Македонија беа идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата. Само 13 од нив се заштитени на национално ниво. Шар Планина беше избрана како пилот-локација, стремејќи се кон едукација на планинарите и други посетители кои се занимаваат со рекреација за вредностите на флората и фауната од овој регион. Изработена е национално издание под наслов „Идентификација и заштита на ЗРП во Македонија“, во кое е даден краток осврт на состојбата, статусот на заштита, како и присутни закани во идентификуваните 42 ЗРП.[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Новости од МЕД[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”21″][/vc_column][/vc_row]