Author: ksenija

  • Светски ден на водните живеалишта, 2016

    Светски ден на водните живеалишта, 2016

    Основците од целиот прекуграничен Преспа регион ни покажаа како изгледа влажното живеалиште низ нивните очи!

    По повод Светскиот ден на водните живеалишта, 2 февруари, децата од прекугранична Преспа, преку симболична активност го прикажаа нивниот свет во мало. Децата од основните училишта во трите земји направија три макети претставувајќи ја сопствената страна на водното живеалиште, со крајна цел спојување на трите макети, овозможувајќи им на децата да ни ја покажат Прекугранична Преспа како целина.

    Активноста беше подготвена од страна на ПреспаНет (СПП, МЕД, ППНЕА). Спроведувањето на креативниот пакет на прекуграничните модели започна на 6 февруари со младите „уметници“ од Грција со боење и пополнување на макетата за нивната страна, потоа продолжи на 9 февруари во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен, Македонија и заврши на 12 февруари во Основното училиште во Долна Горица, Албанија.

    Езерата, реките, шумите, земјоделците, рибарите, овчарите, локалните култури, влажните ливади, рибите и добитокот, најдоа соодветно место во моделот на водното живеалиште, уште еднаш потенцирајќи ги нераскинливите врски помеѓу човекот и природата во регионот.

    Активноста се комплетира на 19 февруари во Општина Ресен, со симболично спојување на трите модели од страна на учениците од ОУ „Гоце Делчев“од Ресен. Претставници на Општината, ПреспаНет членови и учениците кои учествуваа во изработката на македонскиот дел на Преспа, имаа можност да ја видат целосната слика на Преспанското Езеро како едно водно живеалиште.

    Моделот на Преспа понатаму ќе патува и во албанскиот и во грчкиот дел на Преспанскиот регион за да можат сите деца кои учествуваа во оваа активност да го видат крајниот резултат на нивниот труд.

  • Европски ден за набљудување птици, 2015

    Европски ден за набљудување птици, 2015

    МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од 2-ри до 4-ти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија.

    Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници – преку обезбедување на безбедни гнездечки услови, безбедни места за одмор за време на миграцијата и поволни услови за презимување кај нас.

    Тимот на волонтери, соработници и претставници на МЕД уживаа во истражувањето на блатото во Стење и падините на Националниот парк Галичица, но од особено значење беше спроведувањето на пробен попис на водни птици на Преспанското Eзеро. Овој попис претставуваше и обука за спроведување на меѓународниот зимски попис на водни птици во кој волонтерите ќе можат да учествуваат оваа година заедно со МЕД.


    „Едвај чекам да учествуваме во редовниот мониторинг на езерата, знам дека птиците преселници се соочуваат со многу закани и би сакал да придонесам тие да се намалат во Македонија“ изјави Славе Накев, волонтер на МЕД од Радовиш.

    Последната студија за илегалното убивање на птици изработена од BirdLife International покажа дека секоја година 25 милиони птици се убиваат околу Средоземното море за време на пролетната и есенската миграција. Покрај ова, птиците преселници се соочуваат и со голем број на закани за време на нивната преселба – уништување на клучните места за гнездење, природните местаза одмор за време на миграција, локациите за презимување, судирање со ветерници и електрокуција од небезбедни далекуводи.

    Клер Томсон, раководител на програма од BirdLife International, учествуваше на настанот во Преспа и изјави „Птиците преселници кои го надлетуваат Средоземното Море се соочуваат со еден од најголемите предизвици – самата преселба. Заканите кои потекнуваат од луѓето ја отежнуваат нивната преселба уште повеќе затоа се потребни итни активности за нивно отстранување. Прекрасно е да се видат толку многу македонски волонтери и соработници кои ги сакаат птиците и сакаат да придонесат заедно со МЕД да се обезбедат безбедни прелетни патишта во Македонија“.

    МЕД истовремено организираше и дводневна работилница. Првиот ден беше фокусиран на Стратегијата за работење со локални конзервациски групи, која беше изработена како дел од проектот Развивање на капацитети за зачувување на преселните патишта на Медитеранот, кој е кооридниран од BirdLife Internationa,l а поддржан од фондацијата МАВА.

    „Оваа стратегија претставува патоказ за понатамошната соработка на МЕД со локалните организации и волонтери кои се од непроценливо значење за нашето делување на национално ниво. Кога нивните интереси и способности се надополнуваат со нашата визија и експертиза, резултатот е успех кој ги надминува сите очекувања, изјави Робертина Брајаноска, извршен директор на МЕД.

    Вториот ден од работилницата беше посветен на обука на помладите волонтери на МЕД за начинот на кој нивните идеи и цели можат да се остварат преку планирање на проекти и заедничко делување.

    „Денеска ми е појасен начинот на кој можам да ги остварам моите цели, се надевам дека со другите волонтери ќе направиме тим кој со менторство од МЕД ќе може да спроведе заеднички проект“, изјави Андреј Гонев, волонтер на МЕД од Скопје.

  • Светските денови за птици преселници, 2015

    Светските денови за птици преселници, 2015

    МЕД организираше посета на гнезда на штркови кои се поставени на електрични столбови во Јужна и Источна Македонија, со цел да процени дали истите се сигурни и за птиците и за електричната мрежа.

    Овие активности беа остварени во викендот на 9-10 мај, со цел обележување на Светските денови за птици преселници.

  • Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

    Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

    Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта – 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“.

    МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено и обележување на 20-годишнината од прогласувањето на Преспанското Езеро за Рамсарско подрачје. Голем број млади, поттикнати од претставниците на МЕД, изработија фотографии на блиски места со водни површини и со фотографиите учествуваа на конкурсот за најдобра фотографија, организиран од Рамсарската конвенција.

    За дополнително информирање и промовирање на оваа иницијатива и подигнување на нивото на јавната свест на локалното население за зачувување на Преспанското Езеро како Рамсарско подрачје, беше изработен и леток кој беше дистрибуиран во преспанскиот регион.

  • Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

    Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

    Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат.  Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата.

    Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка за преселните птици и на него учествуваа сите заинтересирани птичари. За време на теренското истражување беше забележана активна миграција на повеќе од илјада селски ластовички. Вториот настан беше организиран од волонтерите на МЕД  и се одржа во Зоолошката градина во Скопје. Овој настан имаше забавни и едукативни активности за сите возрасти, од боенки и оригами работилници, преку игри и награди, набљудување на птици со двоглед и телескоп, до можноста да се разговара со орнитолози и да се научи повеќе за најзагрозените птици во Македонија.

    Ваквите настани се прилика за организациите кои се посветени на зачувување на животната средина да ги охрабрат граѓаните од сите возрасти да се приклучат, да истражуваат и да уживаат во птиците. Птиците преселници се соочуваат со многу предизвици за нивниот опстанок, добри услови за размножување на север, безбедни водени површни за одмор на пат кон југ и поволни услови за презимување кај нас.  Затоа нашиот фокус е кон зачувување на водните површини во Македонија и намалување на вознемирувањата на птиците преселници.

  • Светски ден на птиците преселници, 2014

    Светски ден на птиците преселници, 2014

    Дојран – голем хотел за луѓе и птици!

    Група на средношколци од Дојран и околината заедно со заинтересираното локално население преку туристичка прошетка в недела на 11 мај ги набљудуваа птиците и научија нешто повеќе за значењето на птиците преселници.

    Настанот е дел од прославата на Светскиот ден на птиците преселници којшто се одбележува во мај осма година по ред. Преку него се истакнува потребата за заштита на птици преселници и нивните живеалишта. Годинава ќе се организираат над 200 јавни настани низ целиот свет и тие ќе вклучуваат фестивали за птици, едукативни програми и екскурзии.

    Оваа година темата на светската прослава е „Птиците преселници и туризмот“ и ги истакнува врските меѓу заштитата на птиците преселници и развојот на локалниот еко-туризам.

    – Дојран е препознаен како клучно подрачје за биолошка разновидност и спектакуларните движења на птиците преселници може во иднина да привлечат туристи од земјава и странство. Оваа Општина има голем потенцијал за развој на еко-туризам кој ќе вклучува набљудување и фотографирање на птици, активности кои ќе бидат корисни за дивиот свет, локалното население и туристите, изјави Ксенија Путилин, асистент на проектот за едукација и градење на капацитети на Дојранското Езеро од Македонско еколошко друштво.

    Настанот е организиран од страна на МЕД во соработка со Општина Дојран.

    Изјава на г-дин Бан Ки-мун, генерален секретар на Обединетите Нации по повод Светскиот ден на птиците преселници:

    „Целосно ја подржувам глобалната кампања да се покрене свеста за заканите на птиците преселници како уништувањето на живеалиштата, прекумерната експлоатација, загадувањето и климатските промени. Повикувам на поголеми интернационални напори да се заштитат птици преселници и мрежата на живеалишта која ним им се потребна за да преживеат, како важен дел од животната средина од која сите зависиме“, г-дин Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН.

  • Состојба на птиците во Македонија

    Состојба на птиците во Македонија

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524226819676{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2013–2014 г.

    Финансиер: Фондација Аage V. Jensen

    Партнери: BirdLife International

    Цел на проектот: Публикување извештај насловен како „Состојбата со птиците во Македонија“ со кој се дава осврт на богатството со видови, бројноста, загрозеноста како и заштитата на птиците во Македонија.

    Лице за контакт: Ксенија Путилин putilin@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”139″][/vc_column][/vc_row]

  • Карактеризација на биолошка разновидност на шарпланинецот, негова дисперзија и реинтродукција во рурални подрачја и одгледувачи на расата

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524235599002{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2013–2014 г.

    Финансиер: Програма за мали грантови на ГЕФ Македонија и Фондација Институт отворено општество – Македонија

    Партнери: Факултет за земјоделски науки и храна

    Цел на проектот: Главната цел на проектот е конзервација на расата односно зачувување на биолошката разновидност на шарпланинецот преку дисперзија и реинтродукција на грлата во рурални средини.

    Лице за контакт: Александра Тодоровска todorovska@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Новости од МЕД[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”21″][/vc_column][/vc_row]

  • Проценка на заканите за птици и мерки за нивно зачувување во две предлог значајни подрачја за птици во Македонија

    Проценка на заканите за птици и мерки за нивно зачувување во две предлог значајни подрачја за птици во Македонија

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1518428396527{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2011- 2012

    Финансиер: Conservation Leadership Programme

    Партнери: BirdLife International, Conservation International, Fauna & Flora International и Wildlife Conservation Society

    Цел на проектот: Проценка на достапноста на храна, локации за гнездење и закани за птиците во регионот на Овче Поле, со посебен фокус на опаѓачките популации на степската ветрушка (Falco naumanni), царскиот орел (Aquila heliaca) и египетскиот мршојадец (Neophron percnopterus).

    Лице за контакт: Данка Узунова, uzunova@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни Активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ exclude_post_format=”” cat=”137″][/vc_column][/vc_row]

  • Искористување на природните ресурси во Западен Балкан: Распределба и состојба на недостатоците и придобивките

    Искористување на природните ресурси во Западен Балкан: Распределба и состојба на недостатоците и придобивките

    [vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1524233535330{margin-bottom: 0px !important;}”]Времетраење: 2011–2013 г.

    Финансиер: Норвешки совет за истражување

    Партнери: Американски Универзитет од Косово (АУК), Друштвото за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА), Факултет за ветеринарна медицина од Загреб, Норвешки институт за истражување на природа (НИНА), Координираните истражувачки проекти за зачувување и управување со месојадите во Швајцарија (КОРА) и Центарот за рурални истражувања од Норвешка

    Цел на проектот:

    Главната цел на овој проект е да даде придонес кон креирање на политиките наменети за намалување на сиромаштијата преку одржлив рурален развој. Преку социолошко истражување во рамките на проектот се собираат податоци за начинот на искористување на растенијата, печурките и шумските плодови во земјите од Западен Балкан како и за нивното значење како дополнителен приход во домаќинствата. Тимот на МЕД ќе се обиде да даде одговор за дел од проблемите и конфликтите коишто настануваат поради недоволно или прекумерно искористување на природните ресурси како и да добие појасна слика во однос на комуникацијата меѓу собирачите, откупувачите и компаниите за обработка и извоз на печурки и други шумски плодови.

    Во Македонија во рамки на првата фаза од проектот се спроведоа 309 анкети во планинските села со албанско и македонско население во општините Гостивар, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во втората фаза на проектот истражувањето продолжи со спроведување на 12 квалитативни (in-depth) интервјуа во истите општини. Финалните анализи од истражувањата од двете фази ќе бидат претставени во форма на научни трудови.

    Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandruska@mes.org.mk[/vc_column_text][mk_divider style=”shadow_line” margin_bottom=”30″][mk_fancy_title tag_name=”h3″ size=”30″ force_font_size=”true” size_smallscreen=”30″ size_tablet=”25″ size_phone=”22″ font_family=”none”]Проектни Активности[/mk_fancy_title][mk_blog style=”thumbnail” grid_image_height=”300″ cat=”136″][/vc_column][/vc_row]