На ден 18.02.2015, во Хотелот Дрим, Струга во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица“ беше одржана јавна презентација за состојбата на водните ресурси на планината Јабланица и потенцијалите за алтернативно водоснабдување.

Присутните претставници од општините Вевчани и Струга, јавното претпријатие за стопанисување со водите-Проаква како и локални претставници од граѓанските здруженија во регионот, дадоа исклучителен придонес со свои сугестии и можни насоки за подобрување на состојбата на реките и езерата на планината. На тој начин со помош на локалното население, експертското мислење за статусот на водните тела коe се темели на еколошките (силикатни алги и безрбетни животински групи) и хидролошките карактеристики на поголемите реки, глацијални езера и влажни станишта, ќе биде дополнето. Со предложените мерки, би се намалил притисокот врз овие слатководни екосистеми кои се живеалишта за многу ендемични и загрозени растенија и животни.

Настанот беше медиумски покриен од локални и национални телевизии.

Start typing and press Enter to search