Category: Water for lakes, bogs, streams and people on Jablanica Mountain

  • Ехо од Дрим

    Трилогија на кратки филмови за природните убавини, значењето и заканите на дримското сливно подрачје.

    Прв дел – Шепотот на водата

    Втор дел – Одблесок на животот

    Трет дел – Влијание на човекот

    Во продолжение можете да ги погледнете видеата:

    Оваа активност е дел од проектот “Во соживот со реката Дрим” (http://act4drin.net/), во кој Македонското еколошко друштво е вклучено преку проектот “Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”. Проектите се финансиски овозможени од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical ecosystem partnership fund-CEPF www.cepf.net)

  • Bythinella melovskii – нов вид на слатководен полжав за Р. Македонија

    Bythinella melovskii – нов вид на слатководен полжав за Р. Македонија

    Во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”, при анализата на макроинвертебратните видовиво водните живеалишта, идентификуван е нов таксон од класата на гастроподните животни. Станува збор за видот Bythinella melovskii, идентификуван во мал извор во близина на Беличка река. Видовите од овој род, населуваат извори, а поретко се среќаваат во подземните води и длабоките зони на езерата. До сега, за земјите од Западен Балкан (Хрватска, Црна Гора и Србија), најдени се вкупно 12 видови од родот Bythinella, додека за Албанија и Македонија, еднинствен претставник за родот беше Bythinella drimica drimica (Radoman, 1976).

    Објавениот труд може да биде превземен на следниов линк:

    http://ecol-mne.com/wp-content/uploads/2014/09/Gl%C3%B6er_SlavevskaStamenkovic_EcolMont_22150-154.pdf

    Слика 2-5. Bythinella melovskii n. sp. 2: холотип, 3: паратип, 4: пенис“in situ” од паратип, 5: пенис со тубуларни жлезди (паратип). Скратеници: e = сензитивно око (eyespot), p = пенис (penis), pa = додаток / слеп израсток на пенисот / машкиот копулаторен орган (penial appendix), s = краток, подвижен, испакнат дел на лицето на полжавот, на чиј преден крај се наоѓа устата. Нешто како усна трубичка, сурличка (snout), t = пипало. Појаснување: На главата има 1 пар на пипала. Во основата на секое пипало има по едно око (tentacle), tg = тубуларни жлезди – флагелум (tubular gland -flagellum).

  • Презентација за статусот на водите на планината Јабланица

    На ден 18.02.2015, во Хотелот Дрим, Струга во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица“ беше одржана јавна презентација за состојбата на водните ресурси на планината Јабланица и потенцијалите за алтернативно водоснабдување.

    Присутните претставници од општините Вевчани и Струга, јавното претпријатие за стопанисување со водите-Проаква како и локални претставници од граѓанските здруженија во регионот, дадоа исклучителен придонес со свои сугестии и можни насоки за подобрување на состојбата на реките и езерата на планината. На тој начин со помош на локалното население, експертското мислење за статусот на водните тела коe се темели на еколошките (силикатни алги и безрбетни животински групи) и хидролошките карактеристики на поголемите реки, глацијални езера и влажни станишта, ќе биде дополнето. Со предложените мерки, би се намалил притисокот врз овие слатководни екосистеми кои се живеалишта за многу ендемични и загрозени растенија и животни.

    Настанот беше медиумски покриен од локални и национални телевизии.