2nd February, the Water Habitats’ day, could be especially lucky for a young female golden eagle. Mr. Samoil Ilioski found this bird in a very bad condition, it was barely moving, its legs were contorted and it could not fly. He gave the bird to the border police in the village Vitolishte. Almost immediately, the information about this large bird of prey reached to the Jarak society (Association for Protection and Breeding Birds of Prey), the MOT (Macedonian Owl Trust) society for owl conservation and the Macedonian Ecological Society MES. Due to the great bird’s life risk, members and partners of MES on 03rd February 2103 took the bird to Skopje where it received immediate veterinary treatment in “Veterinary Center”. MOT is taking care of the eagle, where it receives the suitable care. After the veterinary control, it has been concluded that the one year old female bird does not have external wounds and is in good physical condition, that is, it is not shot or sick. The symptoms showed that the bird has been contaminated with pesticides and lead. The Department for Environment has been immediately notified, as well as the State Inspectorate for Environment and Nature.
On 4th February 2013 the bird was taken to the Faculty of Veterinary Medicine, where there were x-ray tests performed on it. Blood was taken for estimation of lead concentration and it was immediately taken to the Institute for Biology at the Faculty of Mathematics and Natural Sciences in Skopje. Unfortunately, the results were positive – the lead concentration was 2.4mg/l, and the referential amounts for an acute contamination are 1mg/l. Having in mind that the test does not show the lead balls, the possible conclusion is that the unlucky bird has found shot and dead or wounded individual of some species of game and either completely digested the lead balls or they have been hurled up.
Even though the bird receives the needed therapy, its condition is still critical and it will take a longer period of time until it recovers. After the condition is better, the bird will be taken to isolation in the Skopje Zoo, and then hopefully taken back to Mariovo.
This is the first noted case in Macedonia of a bird of prey being contaminated with lead. This problem has already been discerned in the western countries, but in many countries hunting with lead balls is forbidden. In Macedonia the problem is probably seriously underestimated, and the secondary lead poisoning can lead to decreasing the number of other endangered species of birds of prey. In addition, this case reminds us of another problem with the wounded individuals of untamed species in Macedonia – lack of specialized and equipped rescue center for these kinds of animals.
For the help so far in the process of the rescue of the bird, MOT and MES are especially thankful to: Samoil Ilievski (Mariovo), the inspectors from ,,Stavrina”, Zlatko Angeleski (Zlatovrv – Prilep), Ognen Polenak (Jarak), Emanuel Lisicanec (Akvila – Kavadarci), Dr. Dimche Velkovski I the other employees in the “Veterinary Center” in Skopje, the University veterinary hospital at the Faculty of Veterinary Science in Skopje, doc. Biljana Miova and prof. Slavcho Hristovski from the Institute for Biology at the Faculty of Mathematics and Natural Sciences in Skopje, Marjana Shushlevska (Pharmahem), Jovan Andevski (Vulture Protection Foundation), Hristina Klisurova (Green Balkans Wild Animals Rescue Center in Stara Zagora, Bulgaria) and Dr. Panos Azmanis (Clinic for Birds and Reptiles, University in Leipzig, Germany).
If you have the possibility to participate in taking care of this bird and continuing its expensive therapy, please have in mind the MOT donation (078/211-155).
Светскиот ден на водните живеалишта, 2ри февруари, би можел да се покаже особено среќен за една млада женка на златен орел. Г-дин Самоил Илиоски од Мариово ја нашол оваа птица во многу лоша состојба, како едвај се движи по земја, со згрчени нозе, и не може да лета. Истата ја предал на екипата на граничната полиција во с. Витолиште (ПС на ГН „Старавина“). Информацијата за пронајдената голема грабливка скоро истовремено стигна до Здружението „Јарак“ (здружение за заштита и одгледување птици грабливки), Друштвото за заштита на бувовите во Република Македонија-МОТ, и до МЕД. Поради висок ризик по животот на птицата, членови и соработници на МЕД на ден 03.02.2013 година ја пренесоа во Скопје и ја подложија на итен ветеринарен третман во ветеринарната амбуланта „Ветеринарен центар“. Орелот е згрижен од страна на МОТ, каде му се пружаа соодветна нега. По извршениот ветеринарен преглед, констатирано е дека птицата (првогодишна женка) нема надворешни повреди и е во добра физичка кондиција, односно дека не е застрелана или болна. Симптомите укажуваа на труење со пестициди или со олово. За настанот е веднаш известена Управата за животна средина, како и Државниот инспекторат за животна средина и природа.
На 04.02.2013 година птицата беше пренесена на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што и се направи рентгенска снимка. При тоа, беше извадена и крв за одредување на концентрацијата на олово, која итно беше одредена на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет-Скопје. За жал, резултатите беа позитивни – концентрацијата на олово во крвта на птицата изнесува 2,4 mg/l, а референтните ведности за акутно труње со олово кај овој вид изнесуваат 1 mg/l. Со оглед на тоа што на рентгенската снимка не се забележуваат оловни сачми, најверојатниот заклучок е дека несреќната птица пронашла застрелана угината или повредена единка од некој вид ловен дивеч, при што сачмите или целосно ги дигестирала, или се исфрлени преку безоари.
Иако птицата ја добива потребната терапија, нејзината состојбата се уште е критична. До евентуално целосно закрепнување на кое се надеваме, ќе помине подолго време. По подобрување на состојбата, птицата прво ќе биде префрлена во карантин во Зоолошката градина во Скопје, а потоа се надеваме на нејзино враќање во Мариово.
Ова е прв евидентиран случај на труење со олово кај грабливи птици во Македонија. Овој проблем е одамна препознаен во западните земји, и рутински се следи. Како резултат на ваквите истражувања, на многу простори е целосно забрането користењето на оловни сачми при лов. Во Македонија проблемот веројатно е сериозно потценет, и секундарното труење со олово може да се смета за еден од факторите кои доведуваат до намалување на бројноста и на други загрозени видови грабливи птици. Исто така, случајот на овој златен орел не потсетува на уште еден проблем со кој се соочуваат повредените единки на диви видови во Македонија – непостоење на специјализиран стручен и опремен спасувачки центар за вакви животни.
За досегашната помош за спасувањето на птицата, МОТ и МЕД се посебно благодарни на: Самоил Илиески (Мариово), инспекторите од ПС на ГН „Старавина“, Златко Ангелески (ПСД „Златоврв“ – Прилеп), Огнен Поленак (Јарак), Емануел Лисичанец (АЗП „Аквила“ – Кавадарци), д-р Димче Велковски и вработените во „Ветеринарен центар“ – Скопје, Универзитетската ветеринарна клиника при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, доц. Д-р Биљана Миова и Проф. Д-р Славчо Христовски од Инситутот за биологија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, Марјана Шушлевска (Фармахем), Јован Андевски (Фондација за заштита на мршојадците), Христина Клисурова (Центар за спасување на диви животни на Зелени Балкани, Стара Загора, Бугарија) и д-р Панос Азманис (Клиника за птици и влекачи, Универзитет во Лајпциг, Германија).
Доколку сте во можност да помогнете во грижата оваа птица и продолжување на нејзината скапа терапија, ве молиме имајте предвид донација за МОТ (078-211-155).