Времетраење: 2012–2013 г.

Финансиер: 

Партнери: PlantLife International, ПК „Љуботен“, Општина Пехчево, Младински културен центар од Битола и НП „Пелистер“

Цел на проектот: Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата – вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни настани, кои пред сè ќе бидат одговорност на волонтери и организации во рамките на избраните ЗРП, значително ќе се придонесе кон промовирање на ваквите подрачја и потенцирање на нивното значење. Во Македонија има вкупно 42 идентификувани ЗРП. Како и во останатите земји кои учествуваат во формирањето на ЗРП мрежата, избрани се три подрачја од Македонија за потребите на овој проект, и тоа: Пелистер, Пехчево – Јудови Ливади и Шар Планина.

Мотото на оваа иницијатива е: Да го направиме тоа за природата!

Лице за контакт: Наталија Меловска angelova@mes.org.mk;

Проектни активности

Завршна работилница на партнерите од проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“

Претставници од сите пет земји кои беа вклучени во IPAnet проектот се состанаа во Бугарија во периодот од 29.10 до 02.11. 2012 година. Средбата беше организирана со цел презентирање на [...]

Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

Дваесетина волонтери од Битола на 23 мај учествуваа на настанот „Колку ги познавам растенијата на Пелистер“ организиран од МЕД и Младинскиот културен центар од Битола. Целта на настанот беше [...]

МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

Планинарите од планинарското друштво Љуботен од Тетово и по трет пат волонтираа во рамките на проектот за промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија. Околу дваесетина волонтери [...]

Планинарите во потрага по цвеќиња!

На 29ти април 2013 година се одржа првиот од вкупно три настани на Шар Планина во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Настанот беше [...]

Учество на десетдневна обука во Англија и Холандија за привлекување и координирање со волонтери во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја – IPAnet“

Пред почетокот на реализиција на планираните настани во трите избрани значајни растителни подрачја, во периодот од 17 до 27 април, четворица претставници од Македонија учествуваа на десетдневна [...]

Start typing and press Enter to search