Respected teachers, mentors and students, young painters,
We invite you to take part with your art works in the Public drawing contest organized by the Children Drawing Center and MES, with the topic Biodiversity in the Republic of Macedonia, on the occasion a decade of biodiversity announced by the UN.
Conditions for applying:
Students from 10-14 years who are part of the drawing course in their schools are allowed to participate in the contest.
The allowed drawing sections are allowed: drawing, painting, graphic arts, ceramics and combined techniques (clay, metal, wood, glass, fabrics and paper).
The topic of the exhibition gives the opportunity for a display of the variety of all the plants, animals, habitats and eco-systems which are part of the biodiversity in the RM. In addition to the contest we submit a text with expert information and a thorough explanation by MEs which will help you in the process of production of the art works for participation in the drawing contest.
It is advisable that the drawing mentor, the students who are going to make the art works for the contest, the given topic and the possible subtopics should collaborate and consult the biology teacher in your elementary school. The jury will take into consideration the connection to the given topic by the organizers.
The school has the right to submit 10 artworks at the most with the dimensions of a sketchbook number 5.
One student from the school has the right to submit one artwork, and on the back of the work, with capital Cyrillic letter there should be the name and surname of the mentor – teacher, name and surname of the student, age, address of the school, hole address, phone number and email address.
If you participate as an individual, please write clearly the abovementioned information with capital Cyrillic letters: individual participation, address of the school, your home address and phone number.
The submitted artwork which will not adhere to these rules of participation will be rejected from the contest by the jury.
The ten most successful authors – young artists will be awarded with a recognition and suitable gifts by the organizers, and the rest of the participants will receive diplomas for their successful participation.
The deadline for submitting the artworks is 31st March 2011, a the following address: Detski Likoven Centar, Nikola Rusinski Street, 1, Post: 1020 – Karposh 3, fax: 75, Skopje.
For more info you can call these numbers: 02/3072-209 or 076/987-024. You should contact: Haralampie Manchev, expert secretary and Ilija Bogoevski, coordinator of the Children Art Center – City society of art teachers in Skopje.Почитувани наставници – ментори и ученици – млади ликовни творци,
Ве покануваме да учествувате со ученички ликовни творби на Јавниот ликовен конкурс, кој го организираат Детскиот ликовен центар и Македонското еколошко друштво, на тема: Биолошка разновидност во Република Македонија, а по повод деценијата на биолошката разновидност прогласена од Обединетите Нации.
Пропозиции – услови за учество:
Право на учество имаат ученици на возраст од 10 до 14 години кои ја посетуваат наставатa по предметот ликовно образование.
Дозволени се сите ликовни подрачја: Цртање, Сликарство, Графика, Керамика и Комбинирани техники (глина, метал, дрво, стакло, текстил и хартија).
Темата на изложбата нуди можност да се прикаже целокупниот разновиден жив свет, растенијата, животните, живеалиштата и еко-системите кои ја сочинуваат биолошката разновидност во Република Македонија. Во прилог на конкурсот Ви доставуваме текст со стручни информации и подетално објаснување од Македонското еколошко друштво кои ќе Ви помогнат при изработката на ликовните творби за учество на ликовниот конкурс.
Пожелно е ликовниот педагог – менторот и учениците кои ќе изработат творби за ликовниот конкурс и зададената тема и можните подтеми да соработуваат и се консултираат со наставникот по биологија во Вашето основно училиште. Жири комисијата ќе го земе во предвид придржувањето на зададената тема од страна на организаторите.
Училиштето има право да испрати најмногу до 10 ликовни творби со димензии на блок број 5.
- Еден ученик од училиштето има право да испрати една ликовна творба, а на заднината на творбата со големи печатни букви да бидат напишани следните податоци: име и презиме на менторот – наставникот, име и презиме на ученикот, одделение, години на возраст, адреса на училиштето, место на живеење, тел. за контакт, меил – адреса.
- Доколку учествувате како поединец јасно напишете ги претходните податоци со големи печатни букви: поединец – индивидуално учество, адреса на училиштето и Вашата домашна адреса и тел. за контакт.
Примените ликовни дела кои нема да ги почитуваат овие услови за учество на ликовниот конкурс ке бидат одбиени од страна на членовите на жири – комисијата.
Најуспешните десет автори – млади ликовни творци ке бидат наградени со признанија и пригодни подароци од страна на организаторите, а останатите учесници за нивните успешно изложени ликовни творби ќе добијат дипломи.
Краен рок за испраќање на ликовните творби е крај на месец март (до 31 март) 2011 година, на следната адреса: ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР, Ул. Никола Русински бр.1, Пошта: 1020 – Карпош 3, фах: 75, Скопје.
За допополнителни информации можете да се јавите на тел. 02/3072-209, или 076/ 987-024. Лица за контакт (ликовни педагози): Харалампие Манчев, стручен секретар и Илија Богоевски, координатор во Детскиот ликовен центар – Градско здружение на ликовните педагози – Скопје.