Во периодот ноември 2013 – април 2014 година, на Осогово беше спроведена уште една сесија од мониторингот на целни видови (крупни цицачи) со методот на поставување фотозамки. Во активноста голем придонес дадоа членовите на ловните друштва и шумските стопанства од Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица и Кочани, со чија помош, МЕД постави и контролираше 12 камери во регионот. Една од камерите не беше најдена при проверките, што беше пријавено во надлежните институции. На снимените фотографии од останатите камери беа евидентирани следните видови диви животни: волк, лисица, дива свиња, зајак, дива мачка, срна, куна, јазовец, еж, глодари и птици. Сеуште нема фотографии од мечка и рис.
Оваа активност е дел од проектот „Формирање на Прекуграничен Биосферен резерват Осогово, меѓу Бугарија и Македонија“, а ќе биде продолжена и во наредниот период.
In the period November 2013 – April 2014 year, on Osogovo it was conducted another monitoring session of the target species (large mammals) with the camera trap method. There was great contribution from the members of the hunting societies and forestry holdings from Kochani, Kriva Palanka, Makedonska Kamenica and Kratovo, who were actively involved, along with the members of the Macedonian ecological society, in the implementation of this activity. One of the cameras was not found on place, during the regular control, and this was reported to the relevant institutions. On the photos from the other cameras there were recorded the following wild animals: wolf, fox, wild boar, hare, wild cat, deer, marten, badger, hedgehog, rodents and birds. There still aren’t any records of brown bear and lynx.
This activity is part of the project “Creation of Transboundary Biosphere Reserve Osogovo, between Bulgaria and Macedonia,” and will be continued in the future.