Во Никозија минатата недела под покровителство на BirdLife Кипар се одржа работилница на која земјите кои се дел од Медитеранските прелетни патишта разменуваа искуства за намалувањето и елиминирањето на заканите за птиците преселници. Оваа работилница произлегува од работата на заедничкиот проект за Градење на капацитети за зачувување на прелетните патишта на Медитеранот на осум земји (Турција, Либан, Кипар, Малта, Македонија, Црна Гора, Мароко и Тунис).  Работилницата обедини и други медитерански земји кои се соочуваат со слични предизвици, како: Шпанија, Португалија, Либија, Египет и Албанија. Сите учесници ја потврдија својата заложба за понатамошно учество во иницијативата и договорија конкретни чекори на меѓународно ниво со кои ќе се зголеми поддршката за безбедни прелетни патишта. Работилницата беше организирана од страна на BirdLife International, светска партнерска организација која има глобален пристап за да овозможи резултати со долготрајно позитивно влијание врз природата и луѓето.

 

Проектот Градење на капацитети за зачувување на прелетните патишта на Медитеранот е финансиран од Фондацијата MAVA

Start typing and press Enter to search