Членовите на Македонско еколошко друштво се собраа на годишна средба, која се одржа во Пехчево на 7 октомври 2012 година. Околу триесетина членови беа присутни и учествуваа во дискусија која беше покрената по презентираните најнови збиднувања, промени и идни планови поврзани со структурата на МЕД. Ова е прва средба од ваков карактер и МЕД ќе се потруди да ја одржи оваа практика и во иднина, со цел одржување на редовната комуникација помеѓу раководителите на одделните секции, Претседателството, како и самите членови.
По сесијата презентации и дискусија, членовите имаа прилика да уживаат во убавата природа на Малешевскиот регион.