11 мај (недела)
10 ч., Стар Дојран.
Група на средношколци од Дојран и околината заедно со заинтересираното локално население преку туристичка прошетка в недела на 11 мај ќе набљудува птици и ќе научи нешто повеќе за значењето на птиците преселници.
Настанот е дел од прославата на Светскиот ден на птиците преселници којшто се одбележува во мај осма година по ред. Преку него се истакнува потребата за заштита на птици преселници и нивните живеалишта. Годинава ќе се организираат над 200 јавни настани низ целиот свет и тие ќе вклучуваат фестивали за птици, едукативни програми и екскурзии.
Оваа година темата на светската прослава е „Птиците преселници и туризмот“ и ги истакнува врските меѓу заштитата на птиците преселници и развојот на локалниот еко-туризам.
– Дојран е препознаен како клучно подрачје за биолошка разновидност и спектакуларните движења на птиците преселници може во иднина да привлечат туристи од земјава и странство. Оваа Општина има голем потенцијал за развој на еко туризам кој ќе вклучува набљудување и фотографирање на птици, активности кои ќе бидат корисни за дивиот свет, локалното население и туристите, изјави Ксенија Путилин, асистент на проектот за едукација и градеење на капацитети на Дојранското Езеро од Македонско еколошко друштво.
Настанот е организиран од страна на Македонското Еколошко Друштво (МЕД) во соработка со Општина Дојран.
Изјава на г-дин Бан Ки-мун, генерален секретар на Обединетите Нациии по повод Светскиот ден на птиците преселници:
„Целосно ја подржувам глобалната кампања да се покрене свеста за заканите на птиците преселници како уништувањето на живеалиштата, прекумерната експлоатација, загадувањето и климатските промени. Повикувам на поголеми интернационални напори да се заштитат птици преселници и мрежата на живеалишта која ним им се потребна за да преживеат, како важен дел од животната средина од која сите зависиме“, г-дин Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН
11 May (Sunday)
10am Стар Дојран.
On 11th May at 10 am in Star Dojran a group of high-school students together with Dojran locals will go on a bird-watching excursion to learn about migratory birds and eco-tourism. This event is part of the World Migratory Bird Day celebration – a campaign that addresses the need for conservation of migratory birds and their habitats. Over 200 public events will be organized this year, ranging from bird festivals to educational programs and excursions.
The topic for this year is “Migratory Birds and Tourism” and it acknowledges the link between migratory bird conservation and development of local eco-tourism. “Dojran is recognized as a key biodiversity hotspot and the spectacular movement of migratory birds can attract tourists both locally and internationally. This municipality has great potential for development of eco-tourism which will include bird-watching and bird photography, activities which will be useful for biodiversity, local communities and tourists.” – Ksenija Putilin, project assistant of the project Education and capacity building for conservation of Lake Dojran.
The event is organized by the Macedonian Ecological Society in cooperation with the Municipality of Dojran.
“I fully support the global campaign to raise awareness about the threats to migratory birds from habitat destruction, overexploitation, pollution and climate change. I call for greater international efforts to restore and preserve migratory birds and the network of sites they need to survive as an important part of the environment on which we all depend.” – Mr. Ban Ki-moon, Secretary-General of the United Nations