Изложбата „Дивите билки од мојот крај“ во организација на Арт Поинт Гумно беше отворена во Слоештица во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата“. Автори на уметничките дела се учениците од ОУ „Гоце Делчев‟ од Демир Хисар и ОУ „Браќа Миладиновци‟ од с. Жван. Оваа изложба е производ на соработката со Македонското еколошко друштво (МЕД) со чија поддршка беа одржани иницијалните едукативни презентации. Делата на учениците се импресии од дивите растенија од нивниот регион. Покрај ликовните творби учениците доставија и песни и текстови.
Изложбата е поставена во ОУ Браќа Миладиновци во Слоештица, а ја отвори Наталија Меловска, раководител на проектот. Во таа прилика беа доделени и наградите за делата кои се одбрани како победнички од жирито.
Со цел поголема промоција на резултатите добиени при реализацијата на проектот „Поврзување на луѓето со природата“, оваа активност се одвиваше паралелно со манифестацијата СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ, која традиционално се одржува во чест на делото на еден од најголемите македонски поети Петре М. Андреевски.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија