Pelister camp

Членовите на Еко клубот во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) Битола имаа шанса да учествуваат на првиот Едукативен еколошки камп одржан на Пелистер во периодот од 12 до 14 септември.  Кампот беше насочен кон запознавање на идните активисти од Битола со биолошката разновидност на Националниот парк Пелистер а особено со значајните растителни видови. За таа цел беа организирани ботанички теренски истражувања на кои учесниците собираа фотографски материјали за анализа.

Дополнително учесниците на кампот беа запознаени со можности и идеи за нивно активно учество во научни истражувачки проекти, самостојно водење на помали проекти и активности кои би придонеле кон промоција на Пелистер како Значајно растително подрачје.  МКЦ и Македонското еколошко друштво и натаму ќе ја поддржуваат работата на еко клубот, кој моментално развива неколку локални еколошки кампањи.

eu logoКампот е дел од проектот  Поврзување на луѓето со природата – вмрежување и зајакнување на граѓанските здруженија во Македонија кој е ко-финансиран од страна на Европската Унија.

За повеќе фотографии од настанот кликнете тука.

Start typing and press Enter to search