По триесет и први пат планинарите ентузијастички и оваа година на 3 јуни го совладаа највисокиот врв на Шара, Титов Врв. МЕД беше дел од овој традиционален настан во улога на промотор на флористичкото богатство на Шара. Ова беше вториот настан во рамки на проектот за промоција на Значајните растителни подрачја во Македонија, насловен како „Освојување на Титов Врв по патеката на шафранот“. Околу 700 планинари поминаа покрај поставените т.н. флористички семафори, мали таблички кои содржеа интересни факти за флората на Шар Планина.

Start typing and press Enter to search