Македонското еколошко друштво годинава продолжи со зимското пребројување на птиците – International Waterbird Census (IWC), организирано од Wetlands International – мeѓународната организација за заштита на водните живеалишта.

Според планираната програма заврши зимското пребројување на водни видови на птици за оваа година. Тоа се реализира на 11 локалитети а пребојувањето го направија 15 волонтери – членови на МЕД, членови на Фондот за дивата флора и фауна (ФДФФ) од Кавадарци и вработени од националниот парк „Галичица“ од Охрид.

Според добиените резултати, пребројани се 40525 птици од  36 видови птици. Од нив најбројни беа: лиските, нуркачите, дивите патки, кормораните, чапјите итн.

 

Start typing and press Enter to search