Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Европскиот центар за заштита на природата од Холандија организира завршна презентација на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН). Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2011 год. (среда) во ресторанот Ореов Лад, Скопје. На настанот се поканети голем број претставници од сите засегнати страни: министерства, јавни претпријатија, научни установи, субјекти за управување со заштитените подрачја, невладини организации итн. со кои ќе ги споделиме нашите досегашни достигнувања во рамките на МАК-НЕН проектот и ќе продискутираме за идните предизвици за спроведување на националната еколошка мрежа.