По повод завршувањето на Програмата за мали грантови која МЕД ја спроведе на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина, се одржа завршен настан во основното училиште Гоце Делчев во Демир Хисар. Покрај претставниците од МЕД, на настанот учествуваа претставници од сите организации кои спроведоа мали проекти во склоп на Програмата, како и претставник од германската организација Еуронатур. Секоја организација накратко го презентираше својот проект со главните цели, активности и постигнатите резултати, а на крајот од настанот заеднички се дискутираше за придобивките кои ги имаат локалните организации, како и локалното население во регионот со спроведувањето на Програмата.A Closing event for the finalization of the Small Grants Programme in the area of Ilinska and Plakenska Mts. was organized in the primary school “Goce Delchev” – Demir Hisar. The representatives from the small project implementing organizations presented the main goals, activities and results of their projects. The Event ended with common discussion for the importance of the Programme and the achievements and experience that local organization and broader local population in Ilinska and Plakenska Mts. area gained with its implementation.