MES continued with its activities for education of 3 – 6 year old children. After finding out about the adventures of the “brave bear”, the kids wished to meet the other wild animals living in Macedonia. Invited by the kindergarten Detska Radost in the municipality of Zhelezara, MES introduced the children the bear, the wolf, the fox and the lynx, their manner of living and location of habitat as well as their basic characteristics.
Frosina Angelova, a teacher from the kindergarten Majski Cvet, who was involved in the realization of the first activities of this kind in 2010-2011 organized by MES, assisted in this event as well. Having in mind the attention received during these lectures and the interested children as well as teachers, MES will make efforts to continue in future with this kind of educational activities, not only for these species of animals, but also for other animal and plant species.МЕД продолжи да спроведува активности за едукација на деца од предучилишна возраст од 3-6 години. По запознавањето со авантурите на „храброто мече“ децата посакаа да се запознаат и со другите диви животни кои живеат кај нас. На покана од градинката „Детска радост“ од населбата Железара, на 09 март 2012 година, МЕД на едукативен и забавен начин на децата им ги претстави дивите животни мечката, волкот, лисицата и рисот, нивниот начин и место на живеење и нивните основни карактеристики.
Во спроведувањето на оваа активност ни помогна наставничката Фросина Ангелова од градинката „Мајски цвет“, која во текот на 2010-2011 година беше вклучена во реализација на првите активности од овој тип кои ги спроведе МЕД. Имајќи го предвид вниманието кое МЕД го доби во текот на овие предавања и пројавениот интерес пред сè од децата, но и од наставничкиот кадар, МЕД ќе настојува и во иднина да продолжи со вакви едукативни активности, не само за овие животни туку и за други видови животни и растенија.