МЕД ја организираше втората тренинг обука на темата имплементација на Натура2000 мрежата во Македонија. Обуката беше реализирана преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис, односно компонентата за заштитени подрачја која се реализира во соработка со партнерите од Еуронатур од Германија. Имплементацијата на еколошката мрежа на заштитени подрачја Натура2000 е од голема важност за закрепнување на популацијата на балканскиот рис, но и за заштита на многу други видови кои ги населуваат тие подрачја. Првата обука беше организирана во октомври 2014 година, а целта на тренингот беше да се избере пилот подрачје за кое ќе се подготви севкупната документација за прогласување и назначување за Натура 2000 подрачје. Како пилот подрачје беше одбрано Белчишкото Блато кое изобилува со зачувани природни вредности на кои им е потребна и понатамошна заштита и правилно управување пред сè во интерес на локалното население.
Втората обука се одржа на почетокот на ноември оваа година во Охрид, а Белчишкото Блато повторно беше во фокусот на обуката. Обуката беше како и првиот пат спроведена од тренери од ЗаВита од Словенија. како Учесниците беа главно експерти во некоја таксономска група или живеалишта, вработени во МЕД или на институтот по Биологија при ПМФ. Особено беше важно присуството на вработените во МЖСПП, Сектор за природа кои се запознаени со хармонизацијата на националното со европското законодавство и самиот процес на имплементација на Натура2000 во Македонија. Програмата на вториот тренинг беше главно фокусирана на комуникацијата при прогласување на Натура2000 подрачје со локалното население и специфичните чинители и поставување на теренска работа за прибирање на неопходни податоци за видовите, живеалиштата итн. Учесниците имаа можност да го дополнат SDFформуларот кој беше првично пополнет при првиот тренинг, а е неопходен во процесот на прогласување. Една од најинтересните, а можеби и најважната вежба на тренингот беше симулација на јавна расправа за презентирање на предлогот за прогласување на Натура2000 подрачје. Учесниците беа поделени на две групи, каде едната група доби улога да го презентира предлогот за прогласување на Белчишко Блато за Натура2000 подрачје, а другата група доби улога да ги претставува различните засегнати страни со различни интереси, гледишта и мислења по предлогот. Иако доста комплексна, сепак оваа вежба доста реално ја прикажа постапката за јавна расправа и
нејзината важност во вклучување на јавноста во процесот на прогласување и управување на идното Натура2000 подрачје.
Со овие две обуки се заокружи првиот дел од иницијативата за обука за Натура2000. Освен обуката за петнаесетината експерти за биодиверзитет и претставници на релевантни институции (институт за Биологија, МЖСПП), особено е важно и подготвувањето на комплетната документација за прогласување на Белчишко Блато за Натура2000 подрачје. Плановите за во иднина, се ваквите обуки да продолжат со цел да се опфатат поголеми подрачја (како на пример планината Јабланица) во процесот на назначување и прогласување на Натура2000 подрачја.MES organised the second training in Natura2000 implementation in Macedonia. The training was conducted in the frames of the Balkan lynx recovery program in the protected area component which is implemented in cooperation with Euronatur from Germany. Implementation of the Natura2000 network in of great importance for the recovery of the Balkan lynx and for the protection of all other species that inhabit the same habitats as lynx. The first training was organised in October 2014 and the aim of the training was to select an area (protected or proposal) to be designated as Natura2000 area and prepare all necessary documentation for the process. We selected that area to be Belchishko swamp, which holds incredible natural values, preserved till today. Such areas require protection and appropriate management for the benefit of locals.
The second training was held in the beginning of November in Ohrid, with Belchishko swamp again in the focus of the training.The training was performed by the trainers from ZaVita srom Slovenia. The participants were mainly experts in biodiversity from MES. The presence of members from Ministry of Environment, department for nature was very significant since they are the main responsible body for the implementation of Natura2000 in Macedonia as a part of the harmonisation of Macedonian with European legislation. The program of the second training was mainly focused on communication and preparation of experts for field research. The participants had the opportunity to work on finalisation of the “SDF” form, crucial for designation of an area for Natura2000. One of the most interesting part of the training program was the simulation of a public hearing where participants were divided in two groups with different roles. Aside its complexity, this practical exercise showed the necessity of involving the public in the process of designation and management of a Natura2000 area.
With this two trainings we have outlined the first initiative for training of MES members in Natura2000. Beside the training activities it is important to stress out the preparation of the full documentation for Belchishko swamp for designation and proclamation of Natura2000 area, which is done for the first time in Macedonia. The future plans are to continue with the training and preparation of relevant documentation with larger areas like Jablanica Mt. nominated for National park according Macedonian legislation.