Македонското еколошко друштво во соработка со Plantlife, невладина организација од Велика Британија и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) продолжи со реализација на проектот со наслов „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата; преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за воведување на мрежата Натура 2000.
Овој проект претставува амбициозна иницијатива за заштита на диви видови растенија во земјите од Југоистолна Европа, фокусирајќи се на медитеранскиот регион. Со комбинирање на искуствата од организации како што се Plantlife и IUCN, 11 организации од 11 земји од Југоисточна Европа ќе се обидат да пренесат знаење и искуства на национално ниво во врска со значајни видови растенија и нивните живеалишта.
За време на проектот, сите партнери ќе преземат активности за заштита на растенијата во склоп на 20 значајни растителни подрачја (ЗРП) во шест земји (Мароко, Алжир, Либан, Црна Гора, Турција и Македонија) кои вклучуваат голем број заинтересирани граѓани, здруженија, истражувачки институции и други.
Во Македонија овој проект ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци со активности во подрачјата: Дојран, Богданци, Преспа и Илинска Планина.
По овој повод, на 25 и 26 ноември во Скопје се одржа и воведна работилница на која учествуваа претставници од организации, институции и волонтери од одбраните значајни растителни подрачја. „Арт Поинт Гумно“ од Слоештица (ЗРП Илинска Планина), „Акција плус“ од Ресен (ЗРП Преспанско Езеро), „Полимат 13“ од Богданци (ЗРП Богданци) „Ренатура“ од Дојран (ЗРП „Дојранско Езеро“) се организациите кои се вклучија кон овој проект. Дополнително, целосна поддршка добивме и од неколку институции, како основни и средни училишта од Демир Хисар (ОУ „Браќа Миладиновци и СОУ „Крсте П. Мисирков“), општината Ресен и волонтери од одбраните подрачја.
Во следните 13 месеци овие организации и институции ќе бидат вклучени во активности насочени кон популаризирање и афирмирање на значајните растителни подрачја во кои дејствуваат. Ќе се спроведуваат и мониторинг активности на одредени растителни видови, значајни како на национално, така и на меѓународно ниво.MES in collaboration with Plantlife, a non-governmental organization from the United Kingdom continued the realization of the project entitled “Natural Networks for Places and People” by involving Macedonian citizens as volunteers for nature protection; taking actions that would contribute to the implementation of EU regulations especially in the process of establishment of Natura 2000 network. This time the International Union for Conservation of Nature (IUCN) is part of the project as well.
This project is an ambitious initiative to protect wild plants in countries of Southeastern Europe, focusing on the Mediterranean region. By combining the experience of organizations such as Plantlife and IUCN, 11 organizations from 11 countries of Southeast Europe will try to impart knowledge and experiences at the national level on important plant species and their habitats.
During the project, all partners will take action to protect plants within 20 Important Plant Areas (IPAs) in six countries (Morocco, Algeria, Lebanon, Montenegro, Turkey and Macedonia) that involve a number of interested citizens, associations, research institutions and others.
In Macedonia, this project will be implemented in a period of 18 months with activities in the areas Dojran, Bogdanci, Prespa and Ilinska Mountain.
On this occasion, on 25 and 26 November in Skopje an introductory workshop was held, attended by representatives of organizations, institutions and volunteers of selected important plant areas. “Art Point Gumno” from Sloeshtica (IPA Ilinska Mountain), “Action Plus” from Resen (IPA Prespa Lake), “Polimat 13” from Bogdanci (IPA Bogdantci) and “Renatura” from Dojran (IPA “Dojran”) are organizations involved in this project. Additionally, we received full support from several institutions, like primary and high schools in Demir Hisar (“Brakja Miladinovci and “Krste P. Misirkov “), the municipality of Resen and volunteers from selected areas.
In the next 13 months these organizations and institutions will be involved in activities aimed at popularizing and promoting the important plant areas in which they operate. Some monitoring activities of certain plant species, significant both nationally and internationally will be also implemented.