МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од втори до четврти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија.
Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници – преку обезбедување на безбедни гнездечки услови, безбедни места за одмор за време на миграцијата и поволни услови за презимување кај нас.
Тимот на волонтери, соработници и претставници на МЕД уживаа во истражувањето на блатото во Стење и падините на Националниот парк Галичица, но од особено значење беше спроведувањето на пробен попис на водни птици на Преспанското езеро. Овој попис претставуваше и обука за спроведување на меѓународниот зимски попис на водни птици во кој волонтерите ќе можат да учествуваат оваа година заедно со МЕД.
„Едвај чекам да учествуваме во редовниот мониторинг на езерата, знам дека птиците преселници се соочуваат со многу закани и би сакал да придонесам тие да се намалат во Македонија“ изјави Славе Накев, волонтер на МЕД од Радовиш.
Последната студија за илегалното убивање на птици изработена од BirdLife International покажа дека секоја година 25 милиони птици се убиваат околу Средоземното море за време на пролетната и есенската миграција.Покрај ова, птиците преселници се соочуваат и со голем број на закани за време на нивната преселба – уништување на клучните места за гнездење, природните местаза одмор за време на миграција, локациите за презимување, судирање со ветерници и електрокуција од небезбедни далекуводи.
Клер Томсон, раководител на програма од BirdLife International, учествуваше на настанот во Преспа и изјави „Птиците преселници кои го надлетуваат средоземното море се соочуваат со еден од најголемите предизвици – самата преселба. Заканите кои потекнуваат од луѓето ја отежнуваат нивната преселба уште повеќе затоа се потребни итни активности за нивно отстранување. Прекрасно е да се видат толку многу македонски волонтери и соработници кои ги сакаат птиците и сакаат да придонесат заедно со МЕД да се обезбедат безбедни прелетни патишта во Македонија“.
МЕД истовремено организираше и дводневна работилница. Првиот ден беше фокусиран на Стратегијата за работење со локални конзервациски групи, која беше изработена како дел од проектот Развивање на капацитети за зачувување на преселните патишта на Медитеранот, кој е кооридниран од BirdLife International а поддржан од фондацијата МАВА.
„Оваа стратегија претставува патоказ за понатамошната соработка на МЕД со локалните организации и волонтери кои се од непроценливо значење за нашето делување на национално ниво. Кога нивните интереси и способности се надополнуваат со нашата визија и експертиза, резултатот е успех кој ги надминува сите очекувања, изјави Робертина Брајаноска, извршен директор на МЕД.
Вториот ден од работилницата беше посветен на обука на помладите волонтери на МЕД за начинот на кој нивните идеи и цели можат да се остварат преку планирање на проекти и заедничко делување.
„Денеска ми е појасен начинот на кој можам да ги остварам моите цели, се надевам дека со другите волонтери ќе направиме тим кој со менторство од МЕД ќе може да спроведе заеднички проект“, изјави Андреј Гонев, волонтер на МЕД од Скопје.
MES organized an event which brought LCGs and volunteers together from 2nd to 4th October in Prespa in order to celebrate Euro Birdwatch 15 at the same time as 41 other countries from all over Europe and Central Asia.
The Macedonian birdwatchers joined over 24.000 people in observing the beginning of autumn migration and contributed to the outstanding number of 4 million recorded birds. This event is an opportunity to spread the message about the need of safe flyways for migratory birds – through ensuring the birds have safe breeding grounds, safe stopover sites and favourable wintering conditions.
The team of volunteers, MES representatives and LCGs enjoyed exploring the Stenje wetland and the foothills of Galicia National Park. But more specifically, the volunteers spent time by Prespa Lake with MES representatives learning how to conduct bird monitoring for the international mid-winter waterfowl census, a skill they will be able to use while volunteering in the field with MES.
“I can’t wait to participate in the regular threat monitoring for the lake, I understand that migratory birds face many threats and I would like to contribute to the efforts to decrease them in Macedonia” stated Slave Nakev, MES volunteer from Radovish.
A new study of BirdLife International on bird killing recently showed that every year, approximately 25 million birds are being killed illegally in the Mediterranean region. On top of this, migratory birds face a number of other threat along their journey through the Mediterranean including collision with wind turbines, electrocution by power lines and loss of key breeding, stop-over and wintering sites to development.
Claire Thompson, Programme Manager from BirdLife International attended the event in Prespa and stated “Migratory birds crossing the Mediterranean already face the huge awe-inspiring challenge of migration. Anthropogenic threats along the flyway make this journey even more difficult for them, and urgent action is needed to address these. It is fantastic to see so many young Macedonian volunteers and local organisations excited about birdwatching and working with MES to help make the flyway safe for migratory birds. ”
During this event MES also organized a two-day workshop. The first day focused on the newly adopted Strategy for working with LCGs, which was developed through the Capacity Development for Flyway Conservation in the Mediterranean project, coordinated by BirdLife International, with support from the MAVA Foundation.
“This strategy provides us with an overview and guidance for further cooperation of MES with local organizations and volunteers which are of great importance for our activities at a national scale. When their interests and capabilities are synergized with our vision and expertise, success is guaranteed and will exceed all expectations, stated Robertina Brajanoska, MES’s executive director.
The second day of the workshop was dedicated to training participating young volunteers in project planning and joint action to show them how their ideas and goals can really be achieved.
“I am now aware that there is a structured way in which I can work towards achieving my goals and I hope that with other volunteers and guidance from MES, we can work as a team to manage a joint project someday” stated Andrej Gonev, an MES volunteer from Skopje.