Неделата, на 22 јуни 2014 година, во селото на штрковите Чешиново, се одржа уште еден настан за промоција на осоговскиот регион.
Ова е продолжение на настанот за промоција на Осогово, кој се одржа на Пониква, минатата година. Овој пат, имаше две велосипедски тури, од Пробиштип и Кочани, кои се сретнаа во селото Рајчани, од каде продолжија до собирот во Чешиново. Во селото на штрковите, под најголемото гнездо на штрк во Македонија, имаше околу 150 луѓе од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Кочани и Чешиново Облешево, од различни невладини организации и здруженија кои ја презентираа нивната работа, традиционалната храна, музика и занаети од регионот. На настанот имаше игри за деца, во рамки на штандот на Општината Чешиново Облешево, кои воедно го одбележија и Денот на штрковите.
Во организацијата на настанот беа вклучени следните организации: Спортски клуб – Електрика, Велосипедски клуб Поскок, Планинарско спортско друштво Осогово, Слоуфуд Осогово, Велосипедски клуб – Зелени патеки, Здружение на пчеларите – Пчела, Здружение на земјоделци – Машински круг, планинарскиот водич од Крива Паланка Стојанче Величковски, Општина Чешиново Облешево и Македонско еколошко друштво (МЕД).
Идејата за ваков настан започна на една работилница за невладини организации, во рамките на проектот „Прекуграничен Биосферен резерат Осогово“, со цел различните организации од регионот да ја засилат меѓусебната соработка.
This Sunday, on 22 of June, 2014 year, in the stork village Cheshinovo, it was organized an event for promotion of the Osogovo region.
This event is continuation of the promotional even that was held last year at Ponikva, that was initiated at one workshop with the Nongovernmental organization from the region, through the project ‘’Creation of a Transboundary Biosphere Reserve Osogovo between Bulgaria and Macedonia’’, with a goal the mutual collaboration to be strengthen.
The organization of the event was done by the following organizations: Sport club Elektrika, Cycling club Poskok, Hiking club Osogovo, Slowfood Osogovo, Cycling club Zeleni Pateki, Beekeepers association Pcela, Agricultural association Mashinski krug, hiking guide from Kriva Palanka Stojanche Velichkovski, Municipality Chesinovo – Obleshevo and Macedonian ecological society.