Уште еднаш Македонското еколошко друштво (МЕД) го помогна промовирањето на убавините на Осоговските Планини заедно со локалното население. На 19 октомври, беше одржан третиот по ред настан под мотото „Осогово – и лично и различно 3“, повторно на Пониква. Невладини организации и локални поединци ја презентираа својата работа на збирното место – игралиштето на одморалиштето на МВР, каде се сретнаа и двете групи велосипедисти од Кочани и Пробиштип, од спортските друштва Зелени патеки, Електрика и Поскок. Освен тоа беше промовирана и едукативна патека за вредности на буковите шуми – „Патеката на клукајдрвчето“, која ја поминаа над 200 деца од кочанските основни училишта Малина Попиванова и Св. Кирил и Методиј и подмладокот на Планинарското спортско друштво Осогово, водени од претставниците на МЕД и Првиот скопски извиднички одред.
Во рамките на настанот беа изложени и ликовни и литературни творби на децата од споменатите училишта, кои беа изработени после едукативните активности во врска со вредностите на буковите шуми, спроведени од страна на МЕД, изминатата недела.
Покрај ова, истиот ден беа поставени и информативни табли кои го означуваат почетокот на едукативната патека. Таблите содржат информации за вредностите на биолошката разновидност на Осогово, како и детален приказ на едукативната патека „Патеката на клукајдрвчето“.
Овие активности не би се реализирале така успешно без укажаната помош од општините Кочани и Пробиштип и шумското стопанство од Кочани. Настанот го помогнаа и Ладна вода, пекарата Балкан лукс од Кочани и Осоговски млечни производи.
Повеќе фотографии може да се најдат во нашата галерија тука.
Once again the Macedonian Ecological Society assisted the promotion of the Osogovo Mountains together with the locals. The Third Osogovo – Beautiful and Different event was held on 19th October, once again on Ponikva. Nongovernmental organizations and locals presented their work at the MOI resort playground. Also, cycling groups form Kocani and Probistip, from the sport clubs Zeleni Pateki, Elektrika and Poskok cycled to the event.
Additionally, an education trail for beech forest values was promoted on the same day. The so-called “Woodpecker trail” was tested by 200 children from the elementary schools from Kochani “Malina Popivanova” and “Sts. Cyril and Methodius”,and the youngsters from the Hiking club Osogovo, which were guided by volunteers from the Macedonian Ecological Society (MES) and the First Scouting Organization of Skopje.
In the scope of the event, there was also an exhibition of literary works and art works by the children from the abovementioned schools. These creations were inspired by the education activities promoting beech forest values, conducted by MES the previous week.
Furthermore, information boards containing information about the values of the biodiversity of Osogovo and “The woodpecker trail” were erected at the beginning of the trail.
These activities were assisted by the municipalities of Kochani and Probistip, the Forestry unit of Kochani and the sponsors – Ladna Voda, the Bakery Balkan lux form Kochani and Osogovo Milk.
For more photos of the event please visit our gallery here.