These last 18 months, MES, together with the organizations Front 21/42, Macedonian Green Center, Eco-Sense, Ecoscop, Celor, Go Green, Krste Jon and Florozone, participated in the project Activism in Practice, in the framework of which the organizations succeeded in making changes in many cases connected to the environment in Macedonia, including the strategy documents and laws.
One of the conclusions of the project is that the ecological democracy is not one of the things Macedonia should be proud of, but still it is not impossible for it to be initiated and developed. The experience so far has shown that the recipe for success when participating in decision making connected to the environment is to act with joined forces.
According to Iskra Stojkovska, the project coordinator, during a year and a half, the organizations initiated:
– A promise by the Ministry of Environment and Physical Planning that a revision will be carried out on all of the issued permissions for industrial capacities;
– Making the study about OKTA pollution public;
– Support by a great number of international organizations for protection of the NP Mavrovo.
“Part of the international organizations which support us will file a draft resolution for conservation of the NP Mavrovo at the World congress of IUCN, which should take place in Seoul, South Korea in September 2012”, Iskra Stojkovska from Front 21/42 said.
The organizations in the framework of the debate Participation of the Public in the Decision Making and the Politics for the Environment – Our Story pointed out that the Law on free access to information of public importance, the Law on environment, the Law on nature protection and the Aarhus Convention are still not respected.
They also required alteration in the Law on environment protection and its defining of “as soon as possible” for submitting the required information (15 days); alterations in the Law on free access to information of public importance and regulation implementation which will initiate filing violation procedure and giving of sentence by the Board for protection of the right for free access to information of public importance.
The ecological civil societies have also asked the home institutions not to see them as “enemies” or “predators”, but as partners whose views and suggestions can improve the quality of the strategy documents or the implementation of the enforced laws.
Изминативе 18 месеци, Македонското еколошко друштво заедно со организациите Фронт 21/42, Македонски зелен центар, Еко-свест, Екоскоп, Целор, Биди зелен, Крсте Јон и Флорозон беше вклучено во проектот „Активизам на дело” во рамки на којшто организациите успеаа да издејствуват промени во однос на многу случаи поврзани со животната средина во Македонија, вклучувајќи и стратешки документи и закони.
Еден од заклучоците кои произлегоа од проектот е дека еколошката демократија не е една од најјаките страни на Македонија, но сепак не е невозможно таа да се поттикне и развива. Досегашното искуство покажа дека рецептот за успех при учество во носење на одлуки поврзани со животна средина е да се делува здружено.
Според Искра Стојковска, раководител на проектот, во период од година и пол овие организации издејствуваа:
- – ветување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека ќе се спроведе ревизија на сите еколошки издадени дозволи за индустриските капацитети,
- – обелоденување на Студијата за загадувањето на ОКТА, и
- – поддршка од голем број на меѓународни организации за заштита на Националниот парк Маврово.
„Дел од меѓународните организации кои не поддржуваат ќе поднесат и предлог резолуција за зачувување на Националниот парк Маврово на Светскиот конгрес нa IUCN којшто ќе се одржи во Сеул, Јужна Кореја во септември 2012 година”, изјави Искра Стојковска од Фронт 21/42 .
Здруженијата во рамки на дебатата „Учеството на јавноста во одлуките и политиките за животна средина – нашата приказна” истакнаа дека се уште не се почитуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за животна средина, Законот за заштита на природата и Архуската конвенција.
Тие побараа промена на Законот за животна средина и дефинирање на „најкраток можен рок” за доставување на побарана информација (15 дена); Промена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и воведување на одредба која ќе овозможи покренување на прекршочна постапка и изрекување на казна од страна на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Еколошките здруженија на граѓани исто така апелираа домашните институции да не ги доживуваат како „непријатели”, па дури и „предавници”, туку како партнери чии ставови и предлози може да го подобрат квалитетот на стратешките документи или имплементацијата на донесените закони.