Учениците од ОУ „Гоце Делчев“од Ресен на симболичен начин ги споија трите модели на Преспа, изработени од учениците од регионот по повод 2 февруари, Светскиот ден на водни живеалишта.
На настанот кој се одржа на 19 февруари во Општина Ресен, претставници на Општината, ПреспаНет членови и учениците кои учествуваа во изработката на македонскиот дел на Преспа, имаа можност да ја видат целосната слика на Преспанското Езеро како едно водно живеалиште.
Моделот на Преспа понатаму ќе патува и во албанскиот и во грчкиот дел на Преспанскиот регион за да можат сите деца кои учествуваа во оваа активност да го видат крајниот резултат на нивниот труд.