Во рамките на проектот “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)”, кој го споведува Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со Европскиот центар за заштита на природата (ECNC) од Холандија, во соработка и со поддршка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање од Република Македонија, ќе се организираат три секторски обуки за националната еколошка мрежа за следните сектори:
-просторно планирање, 23 февруари 2011 година (среда),
-рурален развој, 25 февруари 2011 година (петок),
-транспорт, 28 февруари 2011 година (понеделник).
Целта на обуките е да се презентираат досегашните резултати во рамките на МАК-НЕН проектот, картата на националната еколошка мрежа, влијанието на различните сектори во имплементацијата на еколошката мрежа, како и да се разгледаат можностите за преземање заеднички мерки за зачувување на идентификуваните коридори за мечката.
Обуките ќе се одржат во канцеларијата на МЕД.