Македонско еколошко друштво на 3 јуни 2014 година ја организираше Третата работилница за традиционално користење на природни ресурси – подготовка и управување со проекти во Струга.
Оваа работилница се организираше во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија на Европската Унија, којшто Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува во соработка со партнерски организации од Албанија и Германија.
Учесниците на работилницата имаа можност да се стекнат со искуства и знаења кои понатаму ќе им овозможат соодветно да се справат со пишување и управување на проекти поврзани со заштита на природата, промоција на природните вредности на подрачјето и одржливо искористување на природните ресурси.
Работилницата беше можност учесниците да се обучат како да поднесат успешен предлог проект на повикот за мали грантови за Јабланица којшто МЕД ќе го објави наесен. Најдобрите предлог проекти ќе бидат финансиски потпотмогнати од страна на МЕД, односно од Програмата за закрепнување на балканскиот рис.
Проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија на Европската Унија