Секоја година на 2 февруари се прославува Светскиот ден водните живеалишта. Овој ден се одбележува од денот на усвојувањето на Конвенцијата за водни живеалишта на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море. Секоја година почнувајќи од 1997 година, Секретаријатот на Рамсарската има обезбедено материјали, кои им помагаат на владините агенции, невладини организации, други бројни организации и групи на граѓани да делуваат и помогнат во подигнување на јавната свест за важноста и вредноста на водните површини. Оваа година, водните живеалишта и земјоделство беа избрани како тема на Светскиот ден водните површини за овогодинешните настани, имајќи предвид дека водните површини се толку често интимно поврзани со земјоделството. Главниот фокус на потребата од секторите за водните површини и земјоделството (и водниот сектор исто така) да работат заедно за постигнување најдобри заедничките резултати.
Водните живеалишта често се гледаат како пречка за земјоделство, и тие и понатаму продолжуваат да се исушуваат и рекултивирааат за да се направи земјоделско земјиште на располагање. Но суштинската улога на овие површини во поддршка на земјоделството станува појасна и појасна, и постојат успешни земјоделски практики кои го поддржуваат сочувување на состојбите на водните живеалишта.
По тој повод, МЕД во соработка со Друштвото за заштита на Преспа (СПП) од Грција, спроведе едукативни активности кои го обележаа овој важен светски ден. Темата на активностите беше директно поврзана со човековите активности кои влијаат на состојбата на целокупниот преспански езерски екосистем, како што се земјоделството, сточарството и рибарството. Активноста паралелно беше спроведена и во соседните држави кои го делат Преспанското Езеро, и беше спроведена во основните училишта во регионот. Децата преку забава, игра и загатки се запознаа со бројните односи на водните површини и земјоделството како примарна активност на локалното население, но и за начините како да се воспостави рамнотежа која ќе ги регулира овие односи.