Неколку уметници од Гевгелија, Струмица, Скопје и Дојран волонтерски учествуваа на отворениот настан во саботата што се одржа во градскиот парк во Стар Дојран. Користејќи го Дојранското Езеро, а особено неговото флористичко богатство како инспирација уметниците на свој начин го афирмираа ова значајно растително подрачје.
На настанот имаше и интерактивно катче каде посетителите можеа да се приклучат за да го покажат својот талент и да научат нешто повеќе за растителниот свет што се среќава во Дојранското Езеро.
„Ренатура“ од Дојран беше организатор на настанот како локален партнер во проектот „Поврзување на луѓето со природата“, но поддршка добивме и од останатите партнери од околината, како „Полимат13“ од Богданци заедно со нивната градоначалничка.