На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина заклучно со 30.12.2014 година, пристигнаа вкупно 8 предлог-проекти кои беа доставени за оценка до членовите на комисијата. Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, остварливост на проектот, одржливост и влијание на проектот, поврзаност со целите на МЕД во регионот и оценка на финансискиот план.
Комисијата за оценка на доставенитепредлог-проекти составена од претставници од МЕД, на 28.01.2015 година се состана и донесe одлука за финансирање на 6 предлог-проекти доставени при распишаниот Повик за поднесување на предлог проекти, и тоа:
– Поздравете ги птиците од Илинска и Плакенска Планина – Арт Поинт-Гумно
– Пормоција и заштита на уникатната природна реткост–извор во с.Пополжани –Здружение за развој на село Брждани “Брждани 2010”
– Дабова состоина Мренога – Уникатна природна реткост и нераскинлив дел од Плакенска Планина – Здружение за развој, заштита и унапредување на општеството ”ПОЛЕНКА”
– Заштита и промоција на Блатниот Даб во с.Слоештица – ОУ ” Гоце Делчев” Демир Хисар
– Илинска планина на дланка – Планинарско друштво Бигла 2013
– Мапирање и обележување на туристичко– излетничките ремек дела на изворите на Црна Река и Железнец – Општина Демир Хисар
Македонското еколошко друштво на сите добитници на финансиски средства им честита за успехот и за добро изработениот предлог-проект, со желба за негово успешно спроведување!
За сите останати, МЕД ги охрабрува да ги поднесат своите предлог-проекти пред друга фондација за финансирање или во евентуален следен повик на МЕД во иднина (во моментот не постојат сигурни финансиски извори). МЕД искрено Ви ги нуди своите капацитети на располагање во доизработката и имплементацијата на проектот и останатите Ваши активности. Се надеваме дека и понатаму ќе сте дел од целокупниот процес за заштита на природата и подобрување на животните услови на луѓето на просторот на Илинска и Плакенска Планина.Until December 30th, 2014, MES has received 8 project proposals within the Call for project proposals for local sustainable development in the area of Ilinska and Plakenska Mts. All proposals were given to the jury members for selection according to the following criteria: quality of the proposal, feasibility of the project, sustainability and impact of proposal, connection with the MES focuses in the region and evaluation of the financial plan of the proposal.
The jury consisted of MES representatives, met on 28.01.2014 and selected the following project proposals to be financially awarded according to the given criteria:
– Salute the birds from Ilinska and Plakenska Mts. – Art Point-Gumno
– Promotion and conservation of the unique natural rarity-the spring in v.Popolzhani – Association for development of v.Brzhdani- Brzhdani 2010
– Oak association Mrenoga – Unique natural rarity and inextricable part of Plakenska Mt. – NGO Polenka
– Conservation and promotion of grayish Oak tree near v.Sloeshtica – Primary school Goce Delchev Demir Hisar
– Ilinska Mountain on a hand – Mountaieneering club Bigla 2013
– Mapping and marking of the touristic-outing masterworks of Crna River springs and Zheleznec – Municipality of Demir Hisar
Macedonian Ecological Society congratulates all organizations and wishes them a successful implementation of projects.