Одбележувањето на деновите на птиците преселници на 8 – 9 мај во дворот на градска библиотека Браќа Миладиновци наиде на значаен интерес од случајните минувачи и од директните учесници кои дадоа придонес кон оваа прослава. Меѓу посетителите најбројни беа децата кои земаа директно учество во креативните работилници по свој избор. Генерално најголем интерес покажаа за решавање на квизот на тема “Миграција – што е тоа?” и изработка на цртежи. Сите директни учесници добија пофалница за покажаната креативност, меѓутоа специјално одбрана комисија од МЕД ги издвои најточно решените квизови, најкреативните цртежи и најдобрите решенија за оригами и добитниците соодветно ги награди.