На 06.03.2014 (четврток) со почеток во 10 часот Македонското еколошко друштво ќе одржи еднодневна работилница на тема „Заштита на птиците преку имплементација на Законот за ловство“, во рамките на проектот „Воспоставување на функционална мрежа на безбедни одморалишта за преселните птици долж Јадранскиот прелетен коридор“. Работилницата ќе се одржи во хотел „City Park“ во Скопје.
Темите кои ќе бидат разгледани се: Осврт кон законската рамка за заштита на птиците преку ловството во Македонија и во регионот, Можности за искористување на Законот за ловство за унапредување на заштитата на птиците во Македонија, Можности и предизвици за развој на туристички лов – искуства од Балканот и што да очекуваме во Македонија.
Сметаме дека оваа работилница ќе биде соодеветна платформа за размена на искуства на сите заинтересирани страни во заштитата на птиците како и основа за понатамошни заеднички активности.
Проектот „ Воспоставување на функционална мрежа на безбедни одморалишта за преселните птици долж Јадранскиот прелетен коридор “ е финансиран од Фондацијата за природа MAVA и од EuroNatur, кој воедно е и координатор на проектот.On 06.03.2014 (Thursday) at 10 am the Macedonian Ecological Society will hold a one-day workshop on the topic of “Bird conservation through the implementation of the Law on hunting” within the framework of the project for Establishing a functional network of safe stop-over sites for migratory birds along the Adriatic flyway. The workshop will be held in the City Park hotel in Skopje.
Topics that will be discussed: Review of legislative framework on hunting and its impact on conservation in Macedonia and in the region; Opportunities to use the Law on hunting for improving bird conservation in Macedonia; Opportunities and challenges for developing tourist hunting – experiences from the Balkans and what to expect in Macedonia.
We believe that this workshop will be the appropriate platform for the exchange of experiences of all bird conservation stakeholders; as well as a basis for future joint activities.
The project for Establishing a functional network of safe stop-over sites for migratory birds along the Adriatic flyway is financed by the MAVA Foundation for Nature and EuroNatur.