The three days long workshop Enabling sustainable managing the forest fruits, focusing on the herbs and aromatic plants in Southeast Europe took place from 21st – 25th September at the island Vilm in northeast Germany. This workshop had several conclusions, such as preparation of the regional Red book, initiating cultivation of herbs and aromatic plants by the locals in the rural areas, as well as a better regional collaboration. The representatives from MES presented the unofficial data from the project The role of natural resources in sustainable rural livelihoods in the western Balkans. The distribution and flow of costs and benefits, according to which the people from the mountain villages from West Macedonia tend to gather herbs and forest fruits for home usage, but not for sale. According to the experts from the Food and Agriculture Organization (FAO), the region is probable to face the drastic decrease of the number of pluckers in the future due to the massive moving out of the rural environments.
The representative from FAO said that the focus should be on preventing the rural exodus happening in the Western Balkans and initiating a continuation of the tradition by the people from the mountain villages.
The countries from the Balkans and Southeast Europe are one of the main exporters in the field of raw materials for drugs, aromatic oils and products made of mushrooms and forest fruits, and that is the reason why immediate measures are needed for better sustainability of the resources and a stricter control by the suitable institutions. The workshop was organized by the German Federal Agency for Nature Conservation (BfN), the Food and Agriculture Organization (FAO) and the Wildlife trade monitoring network TRAFFIC.
Подготовка на регионална Црвена книга, поттикнување на жителите во руралните области за да започнат со одгледување на лековити и ароматични растенија, како и подобра регионална соработка се дел од заклучоците на тридневната работилница „Овозможување на одржливо управување сошумските плодови со фокус на лековитите и ароматични растенија во Југоисточна Европа“, којашто од 21-25 септември се одржа на островот Вилм во Североисточна Германија. Претставниците од Македонското еколошко друштво ги претставија неофицијалните податоци од проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките“ според кои во Западна Македонија луѓето од планинските села претежно собираат лековити растенија и шумски плодови за домашна употреба, но не и за продажба. Според експертите од Меѓународната организација за храна и земјоделство – ФАО, најверојатно регионот во иднина ќе се соочи со драстично намалување на бројот на собирачи поради масовното иселување од руралните средини.
– Треба да се размислува како да се спречи руралниот егзодус што се случува во Западен Балкан и да се поттикнат луѓето од планинските села да продолжат со традицијата, рече Пол Вантом од Меѓународната организација за храна и земјоделство – ФАО.
Земјите од Балканот и Југоисточна Европа се едни од главните извозници во светот на суровина за лекови, ароматични масла и производи од печурки и шумски плодови, токму затоа потребни се итни мерки за поголема одржливост на ресурсите и построга контрола од соодветните институции. Работилницата беше организирана од Германската федерална агенција за заштита на природа, (BFN), Меѓународната организација за храна и земјоделство, ФАО и Светската Мониторинг мрежа на трговија со производи од растително и животинско потекло, ТРАФИК.