Во рамки на проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осогово“ беше одржана еднодневна работилница за мониторинг на крупни месојади и нивниот плен. На обуката присуствуваа 16 учесници од ЈП „Македонски шуми“, подружници „Кратово“ – Кратово, „Осогово“ – Кочани и „Голак“ – Делчево, како и од ловните друштва „Осогово“ – Крива Паланка, „Буковац“ – Кратово, „Осогово“ – Кочани и „Македонска Каменица – Саса“ – Македонска Каменица. На работилницата беа презентирани статусот на крупните месојади на подрачјето на Осоговски Планини, најзначајните методи за мониторинг на крупните месојади, како и значењето од формирање мониторинг мрежа и нејзиното функционирање. Договорено е во наредниот период МЕД, во соработка со горенаведените организации, да започне со мониторинг активности преку спроведување конкретни теренски истражувања.