На 11.04 и 12.04.2016 во рамки на проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осогово“ беше одржана Работилница за мониторинг на крупни цицачи на Осоговските Планини. Работилницата беше одржана во просториите на „Хижа Осогово“, а на истата присуствуваа членови на Македонско еколошко друштво и Бугарска фондација за биоразнобразието.
Целта беше да се презентираат состојбата со крупните ѕверови и нивниот плен од двете страни на Осоговските Планини и одредување динамиката на имплементација на следните фази од проектот.