Во рамките на подготвувањето на студијата и изданието „Состојбата на птиците во Македонија“, финансирано од страна на BirdLife International како дел од програмта „Состојба со птиците во Светот“, на 12.04.2013 ќе се одржи работилница на која засегнатите страни, донесувачи на одлуки и научници ќе придонесат со нивни информации и предлози кон подобрување на изданието.
Извештајот има за цел да ја илустрира состојбата со фауната на птиците во Македонија. Соодветно на тоа, извештајот ќе содржи голем број расположливи информации за нивната бројност, распространување, и закани на птиците во Македонија, напорите за мониторинг и заштита на нивните популации. Се надеваме дека овој извештај ќе го олесни процесот на донесување одлуки поврзани со заштитата на птиците, и затоа учеството на засегнатите страни е од особено значење во неговото подготвување Исто така, се надеваме дека извештајот и соодветната публикација ќе придонесат кон популаризацијата на орнитологијата во Македонија.