Македонското еколошко друштво, во рамките на проектот “Програма за закрепнување на балканскиот рис” организираше еднодневна работилница-обука на тема “Од идеја до успешен проект”. Работилницата се одржа на 29ти мај во СОУ “Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар. На работилницата присуствуваа 22 учесници од 14 различни организации/институции од општините Демир Хисар, Кичево, Охрид и Струга.
Целта на работилницата беше учесниците да се обучат како своите идеи, поврзани со заштита на природата, промоција на природните вредности на подрачјето и одржливо искористување на природните ресурси од регионот, да ги претворат во конкретни предлог проекти. Работилницата беше поделена на две сесии. Првата сесија беше теоретски вовед во подготовка на предлог проекти, опфаќајќи ја фазата на анализа и фазата на формулирање/пишување на предлог проект со сите елементи. За време на втората сесија, учесниците имаа можност и практично да го вежбаат наученото преку зададена задача за работа во групи. Сработеното беше презентирано и дискутирано на пленум.The Macedonian Ecological Society, in the frame of the project “Balkan Lynx Recovery Programme”, organized one-day workshop-training on the topic “From idea to successful project”. The workshop was organized on 29th May in the secondary school “Krste Petkov Misirkov” in Demir Hisar. There were 22 participants from 14 different organizations/institutions from the municipalities of Demir Hisar, Kichevo, Ohrid and Struga on the workshop.
The aim of the workshop was to train the participants how to transfer their ideas related to nature protection, promotion of natural values and sustainable use of the natural resources from their region into a project proposal. The workshop was divided into two sessions. The first session was theoretical introduction into project proposal preparation, including the analysis and writing complete project proposals. During the second session, the participants had chance to practice the things they learned from the theory through concrete tasks and group work. The results were presented and discussed in a plenum.