The first workshop for presenting the achieved results from the project activity Development of the Representative Network of Protected Areas, carried out by MES in the framework of the project by UNDP and GEF Strengthening the ecological, institutional and financial sustainability of the system of protected areas in Macedonia took place on 6th July 2010 in the Hotel Continental in Skopje, 09:30 – 14:30.
The implementation of the representative national system and network of protected areas will contribute to the carrying out of the obligations of the country which come from the Law on nature conservation, international contracts ratified by the Republic of Macedonia, and will also help in the implementation of the two basic EU directives for nature protection Directive for birds (79/409/EEC) and the Directive for habitats (92/43/EEC) in the process of preparation for EU membership.
There were more than 40 members at the workshop, from the following institutions and organizations: the Macedonian Ecological Society (MES), UNDP, the Ministry of Environment and Physical Planning, Ministry of Agriculture, Forestry and Water economy, Ministry of Transport and Communications, Ministry of Economy, the Agency for Roads, Agency for Physical Planning, the Faculty of Mathematics and Natural Sciences, Faculty of Forestry, Faculty of Agriculture Sciences and Food and others.
The workshop was carried out in this order:
[table]Time; Activity
09:15–09:30; Members registration
09:30–10:00; Speeches of welcome: Dr. Sonja Lepitkova, deputy minister of environment, Mr. FIlip Ivanov, director of the Directorate for environment, Mr. Robertina Brajanoska, MES project manager, Mr. Toni Popovski, UNDP project manager;
10:00–10:30; Introduction of the participants
10:30–10:45; Improvement in the realization of the project activity Development of the representative network of protected regions
10:45–11:15; Coffee break
11:15–11:45; National protected and suggested areas (first draft), Prof. Dr. Ljupco Melovski, Faculty of Mathematics and Natural Sciences, Biology Institute
11:45–12:15; Selected important species for protection: lists and distribution, Doc. Dr. Slavcho Hristovski, Faculty of Mathematics and Natural Sciences, Biology Institute
12:15–12:45; Content of the database, Metodija Velevski, MES
12:45–13:45; Discussion
13:45–14:00; Closing of the workshop
14:00–15:00; Cocktail
[/table]In the constructive discussion, the main emphasis was put on the following:
– Finalizing of the representative network of protected areas
– Looking at the options for acquiring legal status (its proclamation by some regulation) and joining in the process of physical planning
– Implementation of an active collaboration between the Ministry of Environment and Physical Planning and the other ministries in charge
– Coordinating the network of protected areas with the different plans for purpose and usage of the land
– Strengthening the capacity on a local level
– Need for proclamation of lower categories of protected areas
– Need for an expert Institute for environment protection
– Production of a map with the protected and suggested areas for protection in the framework of the administrative borders of every municipality
– Providing financial help from the RM Budget for nature protection
Contact:
Robertina Brajanoska,
Project Manager
Email: brajanoska@mes.org.mk
На 06 јули 2010 година во хотел Континентал, Скопје во периодот од 09:30 до 14:30 часот се одржа првата работилница за презентирање на постигнатите резултати од проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ која ја спроведува Македонско еколошко друштво во рамките на Проектот на UNDP и ГЕФ за „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија“.
Воспоставувањето на репрезентативен нaционален систем и мрежа на заштитени подрачја, ќе придонесе за спроведување на обврските на државата кои произлегуваат од Законот за заштита на природата, меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија, а ќе помогне и за имплементација на двете основни директиви на ЕУ за заштита на природата Директивата за птици (79/409/ЕЕС) и Директивата за живеалишта (92/43/ЕЕС) во процесот на подготовка за членство во ЕУ.
На работилницата беа присутни повеќе од 40 учесници од следниве институции и организации: Македонско еколошко друштво, UNDP, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија, Агенција за патишта, Агенција за планирање на просторот, Природно-математички факултет, Шумарски факултет, Факултет за земјоделски науки и храна и други.
Работилницата се одвиваше по следниов дневен ред:
[table]Време;
09:15-09:30;Регистрирање на учесниците
09:30-10:00;Воведни обраќања: д-р Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина, г-дин Филип Иванов, директор на Управата за животна средина, м-р Робертина Брајаноска, раководител на проектот од МЕД, г-дин Тони Поповски, раководител на проектот од УНДП
10:00-10:30; Претставување на учесниците
10:30-10:45; Напредок во реализацијата на проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја“ м-р Робертина Брајаноска, МЕД
10:45-11:15; Кафе Пауза
11:15-11:45;Национални заштитени и предложени подрачја (прв нацрт) Проф. д-р Љупчо Меловски, ПМФ, Институт за биологија
11:45-12:15; Селектирани значајни видови за заштита: листи и дистрибуција Доц. д-р Славчо Христовски, ПМФ, Институт за биологија
12:15-12:45; Содржина на базата на податоци, Методија Велевски, МЕД
12:45-13:45; Дискусија
13:45-14:00; Затворање на работилницата
14:00-15:00; Коктел
[/table]Во конструктивната дискусија главен акцент беше ставен и на следново:
- финализирање на репрезентативната мрежа на заштитени подрачја;
- разгледување на можностите за стекнување првен статус (нејзино прогласување преку некоја уредба) и вклучување во процесот на просторно планирање;
- воспоставување активна соработка меѓу МЖСПП и другите надлежни министерства;
- усогласување на мрежата на заштитени подрачја со различните планови за намена и искористување на земјиштето;
- зајакнување на капацитетот на локално ниво;
- потреба од прогласување на пониски категории на заштитени подрачја.
- потреба од формирање на стручен Завод за заштита на природата;
- изработка на карта на која ќе бидат обележани заштитените и предложените подрачја за заштита во рамките на
административните граници на секоја општина; - обезбедување финансиски средства за заштита на природата од Буџетот на РМ.
Контакт:
Робертина Брајаноска,
Раководител на проектната активност
e-mail: brajanoska@mes.org.mk