На 19 октомври, на Пониква, Осоговски Планини, ќе се одржи промотивно – едукативен настан под мотото „Осогово – и лично и различно 3“. Поводот на овој настан е да се истакне значењето на буковите шуми на Осоговските Планини, а воедно и промоција на целиот регион. Ова е трет по ред настан за промоција на Осогово, организиран од повеќе организации, а под координација на МЕД. Планирано е на настанот да земат активно учество од околу 100-150 деца од училиштата од регионот, граѓани и вљубеници во природата. Во рамките на овој настан ќе се одвиваат повеќе активности пред сè, промовирање и прошетка по новопоставената едукативна патека во букова шума, поставување информативни табли на неколку локации долж патеката, споделување дополнителен информативен материјал и промовирање на едукативниот пакет подготвен за училиштата.
Настанот ќе биде реализиран во соработка со Општините Кочани и Пробиштип, Шумското Стопанство Кочани, како и претставници од невладините организации Зелени патеки од Пробиштип, СК Електрика од Кочани, ВК Поскок, ПСД Осогово од Кочани, асоцијацијата Слоу фуд Осогово, Центарот за карпеста уметност од Кратово, лиценцираниот планинарски водич Стојанче Величковски и компиропроизводители од Крива Паланка, поединци занаетчии, претставници од рестораните на Пониква и Извиднички одред ПСИО од Скопје.
Настанот е поткрепен од Осоговски млечни производи, Ладна вода и Балкан лукс од Кочани.
On 19th October, on Ponikva in the Osogovo Mountain we will host the promotional educational event “Osogovo Beautiful and Different 3”. The idea behind this event is to promote the significance of the beech forests of Osogovo and promote the entire region. This is the third such event coordinated by MES and involving several other organizations. Approximately 150 children from the regional schools will participate in the event alongside citizens and nature-lovers. During this even we will have several educational activities to include a stroll along the new educational trail in an old beech forest; promotion of new information boards; dissemination of brochures and promotion of the educational package.
The event is organized in cooperation with the Municipalities of Kochani and Probishtip, the Forestry Orgnization of Kochani as well as representatives from the NGOs Green Trails from Probishtip, SK Elektrika – Kochani, VK Poskok, PSD Osgovo – Kochani, Slow Food Osogovo, Rock Art Center – Kratovo, licensed mountaineering guide Stojace Velickovski, the potato producers from Kriva Palanka, individual craftsmen, several restaurants from Ponikva and the Scout Orgnization PSIO from Skopje.
The event is also sponsored by Osogovo Dairy Products, Lada water and Balkan Luks from Kochani.