Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни настани, кои пред сè ќе бидат одговорност на волонтери и организации во рамките на избраните ЗРП, значително ќе се придонесе кон промовирање на ваквите подрачја и потенцирање на нивното значење. Во Македонија има вкупно 42 идентификувани ЗРП. Како и во останатите земји кои учествуваат во формирањето на ЗРП мрежата, избрани се три подрачја од Македонија за потребите на овој проект, и тоа: Пелистер, Пехчево – Јудови Ливади и Шар Планина.

Мотото на оваа иницијатива е: Да го направиме тоа за природата!

Имајќи во предвид дека активностите на овој проект во најголем дел се засноваат на воспоставување мрежа на волонтери, добредојдени се сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од овој проект. За повеќе информации можете лично да нè посетите во канцеларијата на Македонското еколошко друштво или да се обратите кај:

Наталија Ангелова

angelova@mes.org.mk

Start typing and press Enter to search