Од 22 до 24 јануари 2016 година во Кочани се одржа првата средба на Македонско еколошко друштво и партнерските организации Бугарската фондација за биоразнообразие (BBF) и Еуронатур од Германија по повод отпочнувањето на новиот прекуграничен проект насловен „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“.
Проектот кој ќе се спроведува до март 2018 година, предвидува поддршка за одржливо шумарство на Осогово, подобрување на познавањето на крупните цицачи на Осогово и анализа и демонстрација на можностите за развивање на еко туризмот на Осогово.
Инаку, Македонско еколошко друштво работи во регионот на Осоговските Планини повеќе од 9 години, во кој период беа спроведени различни едукативни активности, промотивни настани и прекугранични средби и работилници за поддигнување на свеста на населението за природните богатства на планините и нивното одржливо користење. Исто така, во поглед на познавањето на биодиверзитетот, Осоговските Планини станаа едни од најистражените планини во Македонија, за кои беа изработени и посочени предлози за соодветна легална заштита.
Главниот финансиер на проектот е Германската федерална фондација за животна средина (DBU), а дел од финансиите ги обезбедува Франкфуртското зоолошко друштво (FZS).From 22 to 24 of January 2016, on the occasion of the starting of the new cross-border project titled “Supporting sustainable future for people and nature in the Osogovo Mountain”, an initial meeting of the partners organizations: Macedonian Ecological Society (MES), Bulgarian Biodiversity Foundation (BBF) and EuroNatur from Germany was held.
The project will be implemented till March 2018, and the planned activities within its scope are: support sustainable forestry in Osogovo, improve knowledge about large carnivores in Osogovo and analyses and demonstration of the potential of Osogovo for development of nature based tourism.
The Macedonian Ecological Society is active in the region of Osogovo more than 9 years, during which there were carried out various educational activities, promotional events and cross-border meetings and workshops for raising awareness about the natural resources of the mountains and their sustainable use. In terms of knowledge of biodiversity, Osogovo is the most researched mountain in Macedonia now and because of its values, there were also developed suitable proposals for its legal protection.