„Пријателите на Шара“ од 08-11 октомври го посетија новопрогласениот Национален парк „Шварцвалд“ во Германија. Целта на посетата беше групата да се запознае со предизвиците и менаџирањето на едно заштитено подрачје како што е Шварцвалд.
Посетата на паркот беше организирана од Еуронатур, Македонско еколошко друштво како и Пријателите на Шварцвалд, здружение формирано во 2011 година со цел промоција и лобирање за идно прогласување на „Шварцвалд“ за национален парк.
– Германија има многу малку национални паркови, речиси сите шуми се управуваат за дрвната индустрија. Сакавме ова парче да остане зачувано за идните генерации, бидејќи доста уништувавме, рече Томас Браунагел од „Пријателите на Шварцвалд“ пред гостите од Македонија.
„Пријателите на Шара“ имаа можност да научат нешто повеќе околу креативни кампањи и ефективно лобирање за едно подрачје да стане национален парк. Организирани беа и прошетки во природа како и посета на отворениот етно музеј „Vogtsbauernhof“.
– Посетата на Шварцвалд беше многу корисна за нас, научивме како треба да се биде гласен за природата, но и како треба да се заштитува природата, рече Александра Тимосиеска од Инситутот на развој на заедницата од Тетово.
На оваа студиска посета учествуваа вкупно шест претставници од Македонско еколошко друштво, Инситутот на развој на заедницата од Тетово, Центарот за едукативен развој и Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.
Во текот на 2016-та година Пријателите на Шварцвалд ќе ја посетат Шар Планина и ќе ја возвратат посетата во Македонија.“Friends of Shara” from 08-11 of October visited the new national park Schwarzwald in Germany. The aim of this study tour was introduction to the management of the park but also the challenges that this park is having as a new protected zone.
This study tour was organized by Euronatur, Germany, Macedonian Ecological Society and “Friends of Schwarzwald”, organization that was established in 2011 with aim to promote and to lobby for the proclamation of “Schwarzwald” as national park.
– Germany has only few national parks, almost all forests are managed by the timber industry. We wanted this region to be preserved for the next generations, said Thomas Braunagel from “Friends of Schwarzwald” to the group from Macedonia.
“Friends of Shara” were informed about the creative campaigns which provided effective lobbing at the state level in order for one zone to be protected. The group had nature tours and visited the open air museum “Vogtsbauernhof”.
– The study tour in Schwarzwald was very useful for us, we learned how we need to raise our voices for nature, and what steps we need to take in order to ensure nature conservation, said Aleksandra Timosieska from “The Institute for Community Development”, from Tetovo.
Six representatives from Macedonian Ecological Society, Institute for Community Development from Tetovo, the Center for Educational Development from Tearce and the Mountaineering Club “Ljuboten” from Tetovo participated in the study tour.
Next year representatives from “Friends of Schwarzwald” will visit Shar Mountain in Macedonia for exchange of experience and knowledge.