Во периодот 26-29 октомври, Македонско еколошко друштво зеде учество на средбите за Европскиот атлас за птици гнездилки и Пан-европската шема за мониторинг на обични видови птици во Микулов, Чешка.
На средбите учествуваа претставниците на националните атласи за птици гнездилки од цела Европа и партнерите во развивање на Пан-европската шема за мониторинг на обични видови птици. Целта на овие средби беше да се направи увид на сработеното кон Европскиот атлас за птици гнездилки, да се укажат различните проблеми со кои се соочуваат различните партнери, како и заеднички да се најдат решенија за истите.
Македонија, преку работата на неколку домашни и повеќе странски експерти е на пола пат од прибирање на податоци за Европскиот атлас за птици гнездилки, што е во рамки на планираната динамика за истражувањето за Атласот. По презентирање на досегашните резултати од спроведување на истражувањата за Атласот во нашата земја, многу земји изразија желба да придонесат и помогнат кон спроведување на Атласот во Македонија. Дополнително, планирана е регионална обука за Атласот на ниво на мноштво балкански земји, обука за моделирање на податоците користејќи го софтверот TRIMMaps и R, финансиска помош за понатамошната работа за Атласот преку мал грант, како и обука и зајакнување на националните капацитети за спроведување на истражувањата за Атласот.
Европскиот атлас за птици гнездилки е иницијатива на Европскиот совет за пребројување на птиците која започна да се спроведува во скоро сите европски држави од 2014 година и ќе се спроведува до 2017 година, кога и се очекува објавување на резултатите.End of October in Mikulov in Czech Republic, MES took part in the workshop organised by the European Breeding Bird Atlas 2 and Pan-European Common Bird Monitoring Scheme.
Atlas national coordinators from all around Europe took part in the workshop, aiming to review what has been done for the Atlas so far, detect and identify sollutions for potential Atlas implementation problems, and what the future steps are.
MES represents Macedonia for gathering data for the Atlas, and has so far kept to the planned dynamic, with the help of our national and foreign supporters. After presenting the resulst gathered so far, many European countries expressed interest in contributing to the Atlas work in Macedonia too. Also, a national Atlas training is planned in the beggining of the next breeding season and a training on modelling in TRIMMaps and R – all potentially supported by a small grant.
The implementation o f the second European Breeding Bird Atlas is initiated by the European Bird Census Council, which begun in 2014 and is planned to finish in 2017.