Во текот на последните 6 месеци членовите на ПреспаНет (MEД, SPP и PPNEA) работеа на креирање на прекугранична стратегија за заштита на Преспа. Првата верзија на овој стратешки документ беше презентирана на 3 и 4 февруари во Лемос, Грција пред претставници на EuroNatur, КОRА, FZS, Plantlife и SAVE foundation.
Првиот дел од работилницата го опфати сработеното досега, проследено со дискусија за различни делови од стратегијата, задачите и зацртаните цели на ПреспаНет кои се резултат на долгогодишното искуство на организациите во заштитата на Преспа.
Вториот дел беше посветен на изработка на акционен план, дискусија за структурата на платформата и идниот придонес на секоја една од организациите.
Овој документ, преку заедничките меѓугранични активности ќе придонесе кон исполнување на зацртаната визија на мрежата за унапредување на природните вредности на преспанскиот регион, неговите биодиверзитет и население.
Лица за контакт: Светлана Пејовиќ arsovska@mes.org.mk
Даниела Заец zaec@mes.org.mk