Македонското еколошко друштво (МЕД) и германската фондација Еуронатур (EuroNatur) објавуваат Повик за поднесување на предлог проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина.

Повикот е во склоп на Програмата за мали грантови организирана во рамките на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис III“. Проектот го спроведува МЕД во соработка со Еуронатур, а е финансиски подржан од Фондацијата „МАВА“ од Швајцарија.

Критериуми за аплицирање
Пред да аплицирате за Малите Грантови, Ве молиме внимателно да ги прочитате подолу наведените критериуми, за да утврдите дали Вашиот Проект може да се квалификува. За горенаведеното но и за какви било подетални информации Ве молиме да се обратите во Македонското еколошко друштво (види контакт подолу).

Висина на малите грантови.

–  Висината на малите грантови со кои ќе се подржат проектите изнесува до 2.500 ЕУР по проект, во денарска противвредност.

Кој може да аплицира ?

Легитимни субјектиза поднесување на предлог проекти се:

  Општините Демир Хисар, Кичево, Дебарца и Охрид, нивните месни заедници и организации;
–  Здруженијата на граѓани со седиште во општините Демир Хисар, Кичево, Дебарца и Охрид;
–  Правни и физички лица со седиште/место на живеење во општините Демир Хисар, Кичево, Дебарца и Охрид;
–  Партнерства формирани од два или повеќе субјекти од погоре наведените.

Една организација може да аплицира со повеќе проекти. Кофинансирање на предлог-проектите од други извори е дозволено и истото се поттикнува.

 

Теми кои ќе се поддржат:

  ТА1:    Подигање на јавната свест и едукација за животна средина и природата (за локално население и/или за туристи)
–  ТА2:    Промоција на природните вредости на Илинска и Плакенска Планина (за локалното население и/или за туристи)
  TA3: Управување со природни ресурси и заштита на биодиверзитетот

Критични компоненти за аплицирање:

–  Апликацијата нема да се земе предвид доколку целосно не се пополни ФОРМУЛАРОТ за АПЛИЦИРАЊЕ, заедно со потребните документи
–  Пожелно е проектите да бидат од општ бенефит на населението
–  Средствата мора да се користат првенствено на теренот
–  Влијанието мора да е практично, мерливо и одржливо
–  Проектот треба генерално да е со времетраење до 6 месеци

 Какви проекти нема да бидат финансирани?

–  Проекти кои не се од интерес за заштита на природните вредности на регионот
–  Инфраструктури проекти
— Конференција или семинар како единствени активности во проектот

Упатство за аплицирање

Пријавувањето на проектните концепти се врши според Формуларот за аплицирање и условите наведени во него. Формуларот за аплицирање може да се најде нанавеб страницата на МЕД или да се побара директно од канцеларијата на МЕД (види контакт подолу). Официјалниот формулар за аплицирање мора да се користи и апликантите мора да ги пополнат уредно потрбните информации. Потребни документи кои треба да се достават се:

–         Потпишано пропратно писмо;

–         Уредно пополнет формулар;

–          CV на раководителот на проектот;

–          Детален буџет на проектот;

–          Потврда за обезбедо кофинансирање на проектот, доколку истиот предвидува кофинансирање;

–          Потпишан документ за меѓусебна соработка доколку повеќе субјекти го поднесуваат формуларот.

Предложените проекти треба да завршат најдоцна до 30ти септември 2015 година. Се препорачува проектот да е со времетраење до 6 месеци, иако секој проект се разгледува и оценува на индивидуален начин, со што времетраењето на проектот е флексибилно.

КРАЕН РОК
Крајниот рок за доставување на предлог проекти е 30ти декември 2014 година. Подготвените проектни концепти треба да се достават до Македонското еколошко друштво на следната адреса:

Македонско еколошко друштво
ул.Владимир Назор бр.10
1000 Скопје

или во електронска форма на е-маил: stojanov@mes.org.mk .

Апликациите ќе се разгледаат и одлуките ќе се донесат во период од 30 дена по завршувањето на повикот. Нема интервјуа.

Донаторот го задржува правото да не ги распредели сите предвидени средства доколку предложените проекти не одговараат на целите на проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис III.

Подетални информации за малите грантови / критериумите за аплицирање / потребната документација или други информации може да добиете преку контакт лицето Александар Стојанов од МЕД на тел. 02/2402-773 или моб. 077/572-273, или пак на веб страницата на Македонското еколошко друштво: www.mes.org.mk .

Формулар за аплицирање: тука

Macedonian Ecological Society (MES) and German foundation EuroNatur announce a Call for project proposals related to local sustainable development in the area of Ilinska and Plakenska Mts. The amount of the small grants to be awarded is 2.500 Euros per project. Legal entities for submission of project proposals are: Municipalities of Demir Hisar, Debarca, Kichevo and Ohrid, their local communities and organizations, as well as juridical and physical persons from the above mentioned municipalities. Project proposals should be implemented in a 6 month period, and the deadline for their finalization is 30th September 2015. Proposals should be focused on the following topics:

  ТА1:    Rising public awareness and education about the environment and the nature
  ТА2:    Promotion of the natural values of Ilinska and Plakenska Mts.
  TA3:  Sustainable management of natural resources and nature protection

The deadline for project proposals submission is 30th of December 2014. The concepts for the project proposals should be sent on the following e-mail – stojanov@mes.org.mk, and by post on the following addresses:

Macedonian Ecological Society
Vladimir Nazor 10
, 1000 Skopje

For more information, please contact us on the e-mail: stojanov@mes.org.mk, or on the phone: 02/2402-773.

Start typing and press Enter to search