Тимот за истражување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво во соработка со ренџерите од Националниот парк Пелистер и ловочуварската служба на здружението на ловџии Преспа – Ресен минатата недела поставија 24 фото-замки на различни локации во НП Пелистер и во две соседни ловишта на преспанската страна од планината Баба. Фото-замките се поставени со цел – истражување на балканскиот рис и неговиот плен на планината Баба во склоп на Програмата за закрепнување на балканскиот рис (финансирана од Швајцарската фондација MAVA) . Одбрани се најдобрите локации каде претходно е забележано движење на диви животни а првите резултати од фото-замките ќе произлезат при првата проверка за две недели. Инаку, првата фотографија на рис во НП Пелистер веќе е направена пред околу шест месеци што ни дава надеж дека во наредните месеци ќе успееме повторно да фотографираме рис и останати диви животни кои живеат на планината Баба.The Balkan lynx research team from the Macedonian Ecological Society in collaboration with the rangers from National Park Pelister and the game wardens from the hunting society Prespa-Resen have deployed 24 camera-traps on different locations in the park and in two hunting grounds from the Prespa side on Baba Mt. The aim is to monitor the Balkan lynx and its prey on Baba Mt. in the framework of the Balkan lynx recovery program (financed by Swiss foundation MAVA). We chose the best locations where wildlife tracks were recorded previously. The first results are expected after the first check in two weeks. The first photo of lynx from NP Pelister came around 6 months ago which give us hope that in the next months we will successfully photograph lynx and other wildlife from Baba Mt.