2014 Светски ден на водни живеалишта и четири предизвици за иднината на Преспа
Преспа, езеро од меѓународно значење во сите три земји кои го делат, стои на крстопат во 2014 година, помеѓу стариот пристап кој ги загрозува прекуграничните води и водни живеалишта, и патот кон одржливост и здрави и чисти водени екосистеми.
Се работи за четири главни прашања во Преспа: заштитата и управувањето со водените ресурси; заштитата на нејзините помали водени живеалишта; климатските промени и адаптација; прекуграничната соработка.
1. Водата е во сржта на Преспа. Квалитетот на водата е загрозен од процесот на еурофикација – зголемено количество на хранливи материи во водата. Дополнително, статусот на водите во Преспа има влијание кое се чувствува сè до Јадранското море; Преспанското езеро е поврзано со Охридското езеро, преку него со реката Црн Дрим и Скадарското езеро кои достигаат до Јадранското море. Затоа управувањето со водите мора да биде планирано и имплементирано на регионално ниво, со активна вклученост на сите засегнати страни и граѓаните на сите држави. Иако плановите за управување со води на национално ниво се подготвени, со исклучок на Албанија, прекуграничната и регионална соработка за интегрирано управување на речниот басен која е потребна според ЕУ стандардите недостига.
2. Прекуграничната соработка помеѓу трите држави кои ја споделуваат Преспа започна пред 14 години со воспоставувањето на Прекуграничниот парк Преспа – првата прекугранично заштитена област во Балканот. Оваа иницијатива, која беше поздравена од меѓународната заедница како храбра и иновативна, е замрзната во последните четири години поради одбивањето на Грчката држава да го ратификува меѓународниот договор кој го потпиша во 2010 година заедно со другите две држави и ЕУ. Иднината на прекуграничната соработка во Прекуграничниот парк Преспа сега лежи во рацете на локалните заинтересирани страни, како и на меѓународната заедница која има силен интерес во заштитата на природната средина на поголемиот речен басен.
3. Водениот систем не на Преспа го сочинуваат само двете езера, Голема и Мала Преспа, туку и цела низа на мали чувствителни области кои се законски заштитени: природниот парк Езерани, Стењското блато и езерцата Вормолимни, како и појасите на трска, влажните ливади и потоците во сите три држави. Овие водни живеалишта обезбедуваат екосистемски услуги кои се од основно значење за човечката благосостојба и економијата како што се чиста вода, храна и заштита од ерозија и живеалишта за риби и водни птици. Тие не можат да се надоместат со краткорочни економски придобивки кои ги бараат развојни проекти кои ги загрозуваат овие услуги, најчесто тоа се црпењето вода и туристичките градби и користењето на хидроенергија.
4. Климатските промени се предизвик на иднината – иако може да се поблиску од што замислуваме. Езерата Преспа се две големи водени површини кои влијаат во ублажување на климата на околните простори и ги наградуваат со обилни водени ресурси. Адаптацијата на луѓето и природата на климатските промени ќе бара заштита на езерата, чувствителниот баланс помеѓу водата и земјата и целиот басен; кој може да се постигне само со соработка на сите луѓе кои го делат овој бесценет ресурс.
ПреспаНет, мрежата на еколошки невладини организации за Паркот Преспа која беше основана пред 12 месеци, ја користи прославата на денот на водни живеалишта за да ги истакне овие четри предизвици и да промовира пат за одржливост на Преспа. Трите невладини организации, МЕД, PPNEA и SPP изјавуваат дека: Преспа е уникатна област, со богатство на природни и културни вредности, историја на хармоничен соживот помеѓу луѓето и природата и одлични искуства со заштитата на животната средина и соработката во последните години. Еколошките организации кои соработуваат целосно ја поддржуваат и се охрабрени од желбата на луѓето од Преспа да изградат заедничка, подобра иднина преку одржлив развој и истовремена заштита на водените живеалишта и целата природа во овој регион.
За повеќе информации:
Светлана Пејовиќ, Лице за контакт од МЕД
(e: arsovska@mes.org.mk ; t: 00389-2-2402773)
Marianna Vlassi, SPP Communications Officer
(e: m.vlassi@wwf.gr ; t: 0030-210-3314893)
Olsi Nika, PPNEA Communications Officer
(e: o.nika@ppnea.org; t: 00355-42256257)
Забелешка од уредникот
1. Преспанскиот басен се наоѓа на југот на Балканот и го делат три држави. Составен е од две езера, Големо и Мало Преспанско Езеро, кои се наоѓаат на надморска височина од околу 853 м, иако многу од околните планински врвови се повисоки од 2000 м.
2. Паркот Преспа е формиран во 2000 година, со заедничка Декларација на Премиерите на трите држави. Паркот има цел да ги заштити еколошките вредности на областа преку соработка помеѓу трите држави и да промовира економски просперитет за локалното население од трите држави. Прекуграничниот Парк Преспа е првото прекуграничо заштитено подрачје на Балканот. „Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа“ беше потпишан од страна на трите држави и Комесарот за животна средина на ЕУ. Тој обезбедува прекугранични институции кои ќе управуваат и ќе го регулираат паркот, клучни органи ќе бидат Комитетот за управување со Парк Преспа (кој ќе надгледува и координира активности кои ќе се имплементираат според Договорот); Секретаријатот (техничко и административно тело); и Работна група за управување со водите (составена од компетентни тела од трите држави кои ќе даваат препораки за интегрирано управување со речниот слив според Рамковната директива за води на ЕУ).
3. Мрежата на еколошки невладини организации се состои од: МЕД (Македонско еколошко друштво) со седиште во Скопје; SPP (Здружение за заштита на Преспа) со седиште во Агиос Германос, Преспа и PPNEA (Заштита и зачувување на природната средина на Албанија) со седиште во Тирана.
2014 World Wetlands Day and four challenges for the future of Prespa
Prespa, a Wetland of International importance in all three littoral countries, stands at a crossroads in 2014, between a business-as-usual approach that is jeopardizing its transboundary waters and wetlands, and the path to sustainability and clean and healthy water ecosystems.
Four main issues are at stake in Prespa: the protection and management of water resources; the protection of its sensitive smaller wetlands; climate change and adaptation; and transboundary cooperation.
1. Water is the beating heart of Prespa. The quality of this water is threatened by the process of eutrophication – a build-up of nutrients in the water. Moreover, the state of Prespa’s waters may influence the waters down to the Adriatic Sea, since Prespa connects downstream to Lake Ohrid, the Black Drin River and Shkodra Lake, before finally reaching the coast. Hence water management needs to be planned and implemented on a regional scale, with the active involvement of all concerned stakeholders and citizens, in all littoral countries. Although national water management plans for the Prespa basin have been prepared, with the exception of Albania, transboundary and regional coordination with an integrated river basin management approach – as required by international and EU standards – is still lacking.
2. Transboundary cooperation between the three countries sharing the Prespa Lakes started 14 years ago with the establishment of the Transboundary Prespa Park – the first cross-border protected area in the Balkans. This initiative, which has been lauded by the international community as brave and innovative, has stalled in the last four years due to the refusal of the Greek state to ratify the international Agreement that it signed in 2010 together with the other two littoral countries and the EU. The future of cross border cooperation in the Transboundary Prespa Park now lies in the hands of its local stakeholders, as well as of the international community that is keenly interested in the protection of the natural environment of the wider river basin.
3. The wetlands of Prespa include not just the two lakes, Great and Lesser Prespa, but also a string of small sensitive sites which are also legally protected: the Ezerani nature park, the Stenje Marsh, and the Vromolimni Ponds, as well as reedbeds, wet meadows and streams throughout the transboundary basin. These wetlands provide ecosystem services that are essential to human welfare and economies such as clean water and protection from floods and erosion, as well as being habitats for fish and water birds. These cannot be offset by the short-term and myopic economic benefits sought by developers which compromise these services, notably draining wetlands and allowing tourist development or hydropower plants.
4. Climate change is a challenge for the future – although it might be nearer than we think. The Prespa Lakes are two large water bodies and as such they have a moderating effect on the climate of the surrounding land as well as blessing them with ample water resources. The adaptation of people and nature to climate change will require the protection of the lakes, their sensitive land-water interface, and the whole catchment basin, which can only take place with the co-operation and collaboration of all the people sharing this priceless resource.
The PrespaNet, the network of environmental NGOs for Prespa which was founded 12 months ago, takes the opportunity of the celebration of the wetlands to highlight these four challenges and to promote the path to a sustainable Prespa. The three NGOs, MES, PPNEA and SPP, state that: Prespa is a unique area, with a wealth of natural and cultural values, a history of harmonious coexistence between humans and nature, and a good record of environmental protection and cooperation during the last years. The collaborating environmental organisations fully support and are encouraged by the quest of the people of Prespa to build a common, better tomorrow through the sustainable development and simultaneous conservation of the wetlands and the overall natural wealth of their region.
For more information:
Svetlana Pejovic, Communications Officer of MES
(e: arsovska@mes.org.mk ; t: 00389-2-2402773)
Marianna Vlassi, SPP Communications Officer
(e: m.vlassi@wwf.gr ; t: 0030-210-3314893)
Olsi Nika, PPNEA Communications Officer
(e: o.nika@ppnea.org; t: 00355-42256257)
Editor’s notes
- The Prespa basin is situated in the south Balkans and is shared by three countries. The basin is home to two lakes, Lesser and Greater Prespa, which lie at an altitude of around 853m, although many of the surrounding peaks are more than 2000m above sea level.
- The 2nd February (World Wetlands Day of the Ramsar Convention) has always been an important date for the Prespa lakes: The Prespa Park was established in 2 February 2000 with a joint Declaration by the Prime Ministers of the three countries. The Park aims to protect the ecological values of the area through collaboration between the three states, and also to promote the economic prosperity of the local communities in the three countries. The Transboundary Prespa Park is the first transboundary protected area in the Balkans. The ‘International Agreement for the Protection and Sustainable Development of the Prespa Park’ was signed on 2 February 2010 by the 3 Ministers of Environment and the EU Commissioner for the Environment. It provides for transboundary institutions to manage and regulate the Park, key of which are the Prespa Park Management Committee (which monitors and coordinates activities to be implemented under the Agreement); the Secretariat (a subsidiary technical and administrative body); and a Water Management Working Group (composed of competent bodies from the 3 states to propose recommendations to the PPMC on integrated river basin management in line with the EU’s Water Framework Directive).
The NGO Network consists of: MES (Macedonian Ecological Society) based in Skopje; the SPP (the Society for the Protection of Prespa), based in Agios Germanos, Prespa; and PPNEA (Protection and Preservation of the Natural Environment in Albania) based in Tirana.