Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш, од 7-9 јули 2012 година. За време на панел форумот за „Култура, соработка и туризам во југоисточна Европа “ како дел од саемот, од страна на МЕД беа презентирани природните и културните вредности на осоговскиот регион како основа за развој на туризмот во рамки на иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осоговските Планини.
Од присутните беше пројавен интерес за начинот на поврзувањето на природните со културните вредности за промоција и конкретниот модел кој е користен при дефинирање на потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово.