При крајот на минатата година беа спроведени едукативни активности за вредностите на букова шума, за петоодделенците од кочанските основни училишта „Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“. После предавањата и игрите за деца во училниците, децата беа и на настава во природа на Пониква, каде ја поминаа едукативната „Патека на клукајдрвчето“. Истиот ден кога беше официјално „отворена“ Патеката на клукајдрвчето, се одржа и промотивниот настан Осогово и лично и различно, каде осоговските невладини организации и здруженија ги презентираа нивните активности.
Како завршница на овие активности и со надеж дека на тој начин ќе се заинтересираат уште повеќе деца и возрасни, на 6ти февруари, во спортската сала на ОУ „Кирил и Методиј“ – Кочани, се одржа јавна презентација на овие активности. Јавната презентација беше организирана од МЕД и училиштата кои беа вклучени во активностите, а во соработка со Општина Кочани.
На презентацијата присуствуваа и спонзорите на наставата во природа – Ладна вода, Балкан лукс и Осоговски млечни производи;градоначалникот на Кочани; директорот на Шумското стопанство Кочани; како и претставници од невладините организации од Кочани и извидниците од ПИОМ на кои им беа врачени благодарници за поддршката на активностите. Исто така беа присутни и родители и наставници и над 600 деца од кочанските основни училишта Во опуштена атмосфера, беа прикажани слики од активностите, а децата од двете училишта се претставија со танц и подвижна ликовна изложба на творби кои беа изработени како реултат на заедничката работа и инспирацијата од прошетката во природа.
МЕД особено им се заблагодарува на училиштата „Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ за отворената соработка и заинтересираност за спроведување на овие активности.Last year, in October, educational activities for the values of the old beech forests were conducted, in the Kochani Basic Schools “Kiril and Methodius” and “Malina Popivanova”, in the Vth grade. After the lectures and games, the children had an outdoor class, in Ponikva, where they passed the “The woodpecker trail”. The same day when the trail was officially open, took place the promotional event “Osogovo beautiful and different”, where the NGO’s and Associations form Osogovo presented their activities.
As a closure and with hope that it will attract more adults and children, on 6th of Fevruary, it was held a public presentation of these activities, which was organized by the Macedonian Ecological Society and the schools involved, with a support by the Municipality of Kochani.
The presentation was attended by the sponsors of the class in nature: Ladna voda, Balkan lux and Osogovski mlecni proizvodi; theMayor of Kochani, the director of the Forestry unit Kochani, NGO representatives from Kochani and scouts from PIOM, who were handed with certificate of appreciation. Also, there were present parents and teachers and more than 600 children from all primary schools in Kochani. In a relaxed atmosphere, were shown pictures of the activities, and the children from both schools presented themselves with dance and mobile art exhibition of works made during the educational activities.
MES is especially thankful to the schools “Kiril and Methodius” and “Malina Popivanova”, for their open collaboration and interest in the implementation of the activities.