На 10 декември 2013 година околу триесетина претставници од различни организации од Западна Македонија се собраа за да ги поддржат активностите за заштита на балканскиот рис. Овие луѓе ја формираат мониторинг мрежата, посебно одбрана група во која членовите, во рамките на своите знаења и позиции, го помагаат закрепнувањето на ова критично загрозено животно. Местото каде се одржа оваа работилница беше летниот камп Претор кој се наоѓа на подножјето на планината Пелистер. Не случајно беше одбрано ова место. Пред неколку недели, ренџерите на националниот парк Пелистер докажаа дека рисот е навистина присутен во ова подрачје.
Работилницата со мониторинг мрежата помина во најдобар ред. Ги презентиравме активностите завршени во 2012 и 2013 година како и методите за заловување на рисови со посебен осврт на препознавање на плен од рисот. Дискутиравме главно за релевантните закани за рисот како: проблемите со кучињата скитници, присутноста на главниот плен на рисот и уништувањето на неговиот хабитат. На крајот на работилницата, секој учесник пополни еден прашалник со цел подобрување на понатамошната соработка помеѓу мониторинг мрежата и тимот за заштита на рисот. Секој член доби прирачник за балканскиот рис, промотивен материјал и анкетни листови за мониторинг на рисот.
Мониторинг мрежата е многу значајна алатка за заштитата на балканскиот рис. Работата со локалното население значи: имање на попрецизно знаење од терен, но исто така и здобивање на доверба и подигање на јавната свест. Членовите на мониторинг мрежата ќе ни помогнат во овие цели.Around 30 people from various organizations of Western Macedonia gathered to support the conservation efforts for the Balkan lynx on 10th of December 2013. These people are forming the monitoring network, a specially selected group that can, within their knowledge and position, help the recovery of this critically endangered animal. The venue of this event was the summer resort Pretor, Prespa Lake which is on the foothills of mountain Pelister. It was not by coincidence that this place was picked to be the host. Some weeks ago the rangers from the Pelister National Park have proved that lynx is indeed present in this area. More knowledge is needed from the ground that can be provided with the help of the game wardens from the park.
The monitoring network meeting went very well. We presented the activities accomplished in 2012 and 2013 and the methods for capturing lynx with focus put on recognizing lynx’s kills. We discussed lynx relevant threats such as feral dog problems, main prey abundance and forest destruction. At the end of this workshop each participant filled a questionnaire on improving the further cooperation between the members of the network and the Balkan lynx team. Each member received a Balkan lynx field handbook, promotional material and question forms for lynx observations.
The monitoring network is very important tool in the Balkan lynx protection. Working with locals means getting more accurate knowledge from the field, but also earning trust and rising awareness. Members of this network will just help us get there.